00:31 - 27 ноември, 2026

Зоки Фаци оди на операција во Истанбул, народот се обедини да му помогне

Македонскиот јутјубер Стефан Лазаров на својот профил на Фејсбук минатата недела објави апел за помош на својот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци. Лазаров тогаш објави дека се потребни 15.000 евра за операција на Зоки за да се избори со ракот, кој му беше дијагностициран пред три години.

Лазаров синоќа објави на својот профил на Фејсбук дека Зоки ќе оди на лекување во Истанбул.

„Здраво луѓе, можам да ве известам и израдувам дека Зоки официјално ќе се лекува во Турција поради вашата помош!

Во моментов ја чека понудата од болницата и колку ќе чини целиот процес за да знаеме на што сме. Можам да ви потврдам дека сме при самиот крај, но најбитно од сè е дека веќе нема да се чека и за неколку дена тој оди во Истанбул. Да сте ми живи и здрави.“

Слични објави

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova
Се вчитува....