12:57 - 7 ноември, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ ја вработи ќерка си: Mалолетната Леа ја избра професијата со која ќе се занимава

Водителката на српската телевизија Пинк, Јована Јеремиќ, важи за една од најинтригантните личности на тамошната јавна сцена.

Имено, Јована Јеремиќ денеска во редакцијата на телевизијата „Пинк“ ја донесе својата ќерка Леа, која ја доби во бракот со поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ, а бидејќи водителката постојано нагласува дека е голем работник, веднаш ја „вработила“ својата ќерка, пишува „Блиц“.

Јована уште од мала ја учи ќерка си Леа да оди по нејзините стапки, така што денеска ѝ дала да носи весници и го напишала следново:

„Леа денеска ја учеше првата лекција по новинарство: како се носи весник, а за својата работа доби и награда од претпоставените“ , гордо напишала Јована, а потоа ја фотографирала Леа и како седи пред компјутер.

– Ајде Леа, помогни ѝ на мајка ти. Како те учев како се носат весници? Весниците не се носат така. Дојде на работа, ајде, крени ги рацете, фати го весникот под рака, ноншалантно и тргни. Полека, качи се горе во редакција, а не како селанка да го носиш весникот – ѝ зборувала Јована на малата Леа, која потоа од претпоставените добила чоколадо како награда.

Да потсетиме, Јована Јеремиќ ужива во врската со бизнисменот Драган Станковиќ, 14 години постар од неа, чиј идентитет извесно време го криеше од јавноста.

Дополнително, Јована и Драган истакнаа дека си се најголема љубов еден на друг, и повеќе не се разделуваат, а водителката откри и дека се преселила да живее кај него.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....