11:24 - 12 март, 2026

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

Српската водителка Јована Јеремиќ со месеци е во хармонична врска со бизнисменот Драган Станковиќ и не ја крие среќата што покрај себе има маж кој ја исполнува на секое поле.

Таа е презадоволна бидејќи партнерот ѝ е емотивно максимално посветен и ја поддржува во сè, но и истакнува како ѝ угодува и често ѝ приредува изненадувања.

Јована сега во емисијата „Магазин ин“ покажала еден од многуте скапи подароци со кои Драган ја изненадил.

– Ова го добив за Божиќ од него, а морам да ти кажам нешто ексклузивно – истакнала Јована, а потоа додала:

– Јас во живот се трудев на мажот да му го поместам мозокот, телото секоја може да му го движи, поместува – Јована ги воодушевила сите присутни со својот одговор.

Инаку, ѓерданот што го носела во споменатата емисија, исто така, ѝ го подарил Станковиќ.

Водителката од својот сакан добила скап ѓердан од 14-каратно злато, а таа останала шокирана, бидејќи не го очекувала тоа.

Во моментот кога тој ѝ подарил ѓерданот, Јована од возбуда не можела да ја погоди и отклучи кутијата, па Драган ѝ помогнал.

Новиот партнер на Јована често ја изненадува со подароци, а за Нова година доби златна чанта „Долче и Габана“ која чини 2.500 евра и, како што таа тврди, освен неа, не постои друга личност во Србија која го поседува тој модел на чанта.

 

 

Слични објави

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova
Се вчитува....