8.8 C
Скопје
19:02 - 30 март, 2026

(Фото) Јелена Карлеуша во 3 часот наутро му испратила порака на Канје Вест

Мистериозната врска на Јелена Карлеуша и светската ѕвезда, раперот Канје Вест, со месеци се коментираше во јавноста, а сега таа му се обрати среде ноќ.

Имено, како што се шпекулираше, таа наводно работела со него на новиот албум, а моментот кој ја заинтригира јавноста е тоа што неговиот лик се појавува во нејзиниот спот за песната „Carly Beach“.

Иако долго време не го спомнуваше, сега таа во три часот наутро му се обрати преку Инстаграм:

– Кање секогаш беше во право –  напиша таа.
Да потсетиме, во средината на минатата година медиумите пишуваа за тоа дека Канје Вест ја следел Јелена на Инстаграм.
Карлеуша за Курир изјави дека не ни знаела дека Канје Вест е толку популарен во Србија.

– Само ми направи хаос во медиумите и на социјалните мрежи,а јас немам никаква врска со тоа што тој ме следеше. Морам да кажам дека очигледно е голема светска ѕвезда штом еден глупав следбеник направи таков хаос. Се сликав во неговите патики од забава, не ни сонував дека луѓето во Србија ќе бидат толку заинтересирани за него, дури и војната меѓу Русија и Украина падна во втор план поради тоа. Искрено мислам дека тој случајно ме следеше – изјави тогаш Карлеуша.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....