6.8 C
Скопје
01:59 - 30 јануари, 2026

(Фото) И Ноле ѝ „симнал капа“; Светлана изработува триметарски портрети од човечка коса

Светлана Зуламоска- Гроздановска има фризерски салон во Кривогаштани и стана хит на социјалните мрежи откако го направи ликот на Игор Џамбазов. Новак Ѓоковиќ, воодушевен од уметноста на Светлана, ја сподели сликата на својот Инстаграм профил откако таа му ја испратила.

Светлана работи и како фризер и како шминкер, нешто кое што на почетокот го сметала за хоби. По професија е сообраќаен инженер, но уметноста е таа која царува во ликот и делото на Светлана.

Иако случајно светот дозна за фризерката која прави уникатни портрети, можеш ли да ни кажеш  како се чувствуваше на почетокот?

– И не така случајно, но сепак случајно светот дозна за моите уникатни портрети на природна човечка коса. И не случајно велам дека ја сакам уметноста, ја чувствувам и гледам околу мене, а и мојата работа ја чувствувам како уметност. Фризурата и шминката сепак се тука.

Како го откри својот талент за правење портрети од природна коса?

– И многу е логично како дојдов до идеја да сликам со мојата коса. Во нашиот салон секојдневно се создава нешто ново. На овој начин денот е повозбудлив и поисполнет. И токму поради оваа желба за нешто ново и возбудливо јас наместо да ја фрлам косата во корпа за отпад, почувствував дека можам да создадам нешто интересно со неа.

Од портретот на Новак Ѓоковиќ твојот талент надалеку се прочу. Раскажи ми што се се случуваше од тогаш па до сега?

– Ако ме прашате зошто сликам токму на подот, ќе ви кажам дека токму таму косата со која сакав да сликам веќе беше на подот. Спонтано се спуштив таму и го сликав Новак Ѓоковиќ. Вака започнува целата приказна за уникатната уметност на косата. Тоа што го сликав го објавив на социјалните мрежи и тоа беше доволно.

Светот едноставно те запозна како Македонката која изработува портрети од човечка коса. Дали до пред тоа беше свесна што правиш?

– Морам да признаам дека не бев свесена за уникатноста на моето сликање и поради тоа бев изненадена од реакцијата на порталите кои ја направија приказната. Продолжив да сликам портрети на мојата коса, си поставив предизвик, се прашував дали ќе го доловам следниот лик, дали ќе го препознаат луѓето кој е тој лик и затоа сликав јавни личности за да се препознаат.

На тој начин, портретите се создаваа од коса до самите ликови. Со многу од нив исконтактирав, тие сакаа да знаат како ги правам тие ликови од коса. Бев многу среќна кога разговарав со нашиот ракометар Кире Лазаров, кога Бени Шаќири ми пиша и ми се заблагодари за портретот, кога Новак Ѓоковиќ го објави портретот од коса на неговиот Инстаграм профил, кога тимот на Ројтерс пристигна во мојот салон за да сними портрет за коса, а потоа таа снимка отпатува во светот и беше виден во многу земји. Исто така бев контактирана од руски новинари за и во Русија да дознаат за уникатната уметност од коса. Бев со свој придонес во емисија во која беа претставени уникатни таленти од различни земји во светот вклучително и Македонија со фризерка со уникатна уметност..

Колку време ти е потребно за еден портрет и на крај за колку време можеш да се одлучиш да го растуриш? Што ти е потешко?

– Ми требаат три часа да направам портрет и три секунди да го разделам.

За уникатноста на секој портрет можете да дознаете од фотографиите, а многу повеќе можат да кажат оние кои ги виделе во живо. Фотографијата е една работа, а да се види во живо е со посебна убавина и жал ми е кога ќе ги растурам, но морам, бидејќи тоа е под на салон во кој доаѓаат клиенти и кои не би сакале да стапнат на насликани портрети. Големината на портретите е речиси три метри и за секој портрет ми треба различен тип на коса.

Што посакуваш да реализираш во иднина?

– Си посакувам поголем простор и една цела приказна на подот од материјалот со кој сликам, ишишана човечка коса.

Фото – приватна архива

 

Слични објави

Пејачката откри дали се слушнала со Јована Јеремиќ по скандалот во емисијата: „Таа многу ме повреди“

E.A.

Харис Џиновиќ се огласи по веста дека Мелина е свршена со богат Британец: Еве што рече…

Еспресо

(Фото) Која е ќерката на Драган Бјелогрлиќ? Во врска е со српски заводник кој го поврзуваа со 18 години постара Хрватка

Еспресо

Душица Јаковљевиќ призна: „Им реков на децата: ‘Што мислите, да станам лезбијка?’“

E.A.

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја покажа сопругата без шминка: Фановите воодушевени од нејзиниот природен изглед!

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Европските клинички стандарди во пракса

Еспресо
Се вчитува....