3.8 C
Скопје
02:10 - 21 декември, 2024

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) „Мажи на годината“ за 2021 ги собра сите успешни мажи на едно место

Кардиохирургот Сашко Јовев е прогласен за „Маж на годината” за 2021 година.

Кардиохирургот на Универзитетската клиника за Државна Кардиохирургија при Клиничкиот Комлекс „Мајка Тереза”, др. Сашко Јовев е прогласен за „Маж на годината” за 2021 година на четвртиот по ред официјален избор во организација Џентлмен Магазин.

Фото: Маж на годината/Драган Митрески
Фото: Мажи на годината/Драган Митрески

За Маж странец во Северна Македонија наградата ја доби Дејвид Гир, амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Фото: Маж на годината/Драган Митрески
Фото: Мажи на годината/Драган Митрески

На гала вечерта која се одржа во Скопје, во присуство на голем број јавни лица од бизнис секторот, политиката, и јавниот живот, беа наградени 13-те најуспешни мажи во земјава во 13 категории, избрани од жири комисијата која ја сочинуваа членови од докажани институции, новинари, претставници од бизнис секторот, режисери, стилисти,

Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, наградата за Млад менаџер отиде во рацете на Игор Милановиќ, менаџер за продажба на Huawei во Македонија, а наградата за Менаџер на годината до 40 години ја понесе извршниот директор на дигиталната агенција Кара5, Војдан Карапетковски.

Маж со најголем придонес во културата е актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки”, Симеон Мони Дамевски, а маж со најголем придонес во спортот е Муамед Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби доктор Злате Мехмедовиќ, претседател на Македонското здружение на медицина на трудот, додека еден од најпознатите македонски музички новинари и водители, а воедно и еден од најпрепознатливите гласови, Драган Б. Костиќ, се закити со наградата Маж со трајни вредности.

Фото: Мажи на годината/Драган Митрески
Фото: Мажи на годината/Драган Митрески

Наградата за Маж во избор на социјални медиуми отиде кај Борче Стаменов, наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Ламбро Патче, менаџерот за односи со јавноста и комуникации на Пивара Скопје АД, додека специјалната награда Маж во избор на организаторите отиде кај Дејан Георгиевски.

Фото: Мажи на годината/Драган Митрески
Фото: Мажи на годината/Драган Митрески

Водителка на овој настан беше познатата водителка и инфлуенсерка Миа Костова која беше во елегантен долг црн фустан со отворено деколте и сподели фотографија на инстаграм со коментарот:

„Ова беше можеби едно од најдобрите изданија на Мажи на годината“.

Миа Костова/Instagram
Миа Костова/Instagram

„Оваа вечер ги славевме успешните, оние кои се кредибилен мотив за општеството, кои вложуваат во својот личен развој и развојот на заедницата. Среќни сме што наградите ги добија мажи кои навистина заслужуваат почести. Импресиите се одлични, очекувањата надминати. Изборот на Мажи на годината стана релевантен коректив за сите мажи, стана мотив да вложуваат во себе и општеството, мотив да бидат џентлмени кои ќе негуваат свој сопствен уникатен стил. Се гледаме наредна година повторно“

– Изјавија организаторите од Џентлмен Магазин изразувајќи благодарност до спонзорите и медиумските покровители на манифестацијата, како и на МРТ која од оваа година ги зема правата за снимање и емитување на настанот.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....