1.8 C
Скопје
10:19 - 19 февруари, 2026

(Фото) Домот на Илон Маск има само 37 метри квадратни: Сè му е на дофат на скромниот милјардер

Јужноафриканскиот милијардер Илон Маск неодамна повторно се најде на врвот на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот. Според Форбс, сопственикот на компаниите SpaceX и Tesla моментално е горд сопственик на 242,8 милијарди долари и може да си дозволи се, ама очигледно не сака.

Со години наназад беше сопственик на голем број имоти, а пред неколку години вети дека ќе се ослободи од имотите за да не им робува, нагласувајќи дека сака да се ослободи од „речиси сите физички поседувања“.

За кратко време продаде четири вили во Бел Ер за 62 милиони долари, а медиумите во една прилика објавија дека богаташот ја продава и својата единствена преостаната куќа – луксузен објект во Сан Франциско кој се простира на 1.600 метри квадратни.

Интересно е што Маск пред извесно време реши да се пресели во Тексас, а неговиот нов дом не е скапа вила со патека од неколку десетици метри, базен, паркинг…Напротив.

На социјалните мрежи почнаа да кружат фотографии од внатрешноста на домот на Маск. Ќе се согласите дека милијардерот живее многу скромно.

твитер

Како што пишуваат американските медиуми, сегашниот дом на Илон Маск е мобилен, а вреди околу 49.500 долари.

Згора на тоа, овој многу скромен дом не е во сопственост на милијардерот, туку го изнајмува од неговата компанија SpaceX, а се работи за модел на Касита од линијата Боксабл.

Куќичката на Маск се протега на само 37 квадратни метри. Ексцентричниот милијардер избра куќа која лесно може да ја пресели по потреба.

– Мојата главна куќа – ако воопшто ја имам – е онаа во јужен Тексас, во селото Бока Чика… Изгледа прилично добро – напиша Маск на Твитер.

Слични објави

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova
Се вчитува....