16:04 - 2 април, 2026

(Фото) Џенифер Лопез на одмор во Италија, но без Бен Афлек: Згодна и не е сама!

Поп ѕвездата е забележана на плажа во луксузното италијанско гратче Позитано, без сопругот, Бен Афлек.

Џенифер е уловена од папараците како по сончевиот ден поминат на плажа, ужива во ресторан во друштво на пријатели.

Истиот ден, таа продефилира на плажа облечена во едноделен бел костим за капење, покажувајќи го убавото тело.

И претходниот ден пејачката и глумица изгледаше весело, додека беше уловена на јахта како ужива во сонцето. И повторно носеше бел костим за капење со нагласено деколте.

Џенифер Лопез повторно ја избра Италија за летните одмори. Лани таа се одмораше на островот Капри, а сега го избра луксузното Позитано.

Додека се шират гласини за крајот на нејзиниот брак со Бен Афлек, таа беше забележана, повторно без него, на брегот Амалфи. Прво со брод во Соренто, а потоа во Позитано додека се пробива на плажата меѓу редовите лежалки опкружени со група пријатели.

Упорните гласини за разделба кружат од почетокот на мај, кога Џеј Ло се појави без Бен на настанот Мет гала. Оттогаш, двојката е видена заедно само неколку пати и тоа не во весело издание. Според таблоидите, тој се преселил во изнајмена куќа во Брентвуд, недалеку од местото каде што живее неговата поранешна сопруга и мајка на неговите три деца, Џенифер Гарнер.

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....