09:24 - 4 април, 2026

(Фото) Дарко Лазиќ чека трето дете! Се појави фотографија, пејачот го гали трудничкиот стомак на сопругата

Фолк пејачот Дарко Лазиќ и неговата сопруга Катарина за српски „Курир“ потврдија дека чекаат бебе. Тоа ќе биде нивно прво дете, а на пејачот трето. Лазиќ има ќерка од бракот со Ана Севиќ, а во врската со Марина Гагиќ доби син.

Во понеделникот Дарко и Катарина направиле прослава во Брестач и им соопштиле на семејството и пријателите кој пол е бебето. Таа информација сè уште ја кријат од јавноста.

Катарина го покажа и трудничкиот стомак кој се гледаше под краткиот фустан кој го носеше на прославата. На Инстаграм се појави нејзина фотографија на која Дарко ја гали по стомакот, а оваа сцена ги разнежни сите.

 


На оваа прослава присуствуваше и кумата на Лазиќ, Андреана Чекиќ, која заедно со нив ја прослави среќната вест. На прославата присуствувала и нејзината мајка.

Ана Севиќ, со која Дарко сега е во одлични односи, не била во Брестач, но ја „лајкнала“ објавата на Катарина и со тоа покажала дека ѝ е драго што нејзиниот поранешен сопруг ќе го прошири семејството.

Дарко по прославата се огласи за медиумите.

– Конечно ги имаме резултатите и дознавме дека чекаме бебе и дека сè е во ред, па радосната вест можеме да ја споделиме со вас како што ветивме. Пресреќен сум што ќе станам татко – изјавил Дарко за „Блиц“.

 

 

 

Слични објави

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо
Се вчитува....