19:30 - 5 ноември, 2026

(Фото) Цеце Николова во впечатливо црно издание на свадба — Лоба ѝ порача дека е „вистински феникс“

Македонската водителка Цеце Николова привлече внимание со својот моден избор за свадбена прослава на која присуствуваше како гостинка. Таа се одлучи за елегантна црна креација со детали од чипка, која ја истакна нејзината фигура.

Николова сподели неколку фотографии од свеченоста на својот инстаграм-профил, а нејзиниот изглед наиде на бројни позитивни коментари.

Меѓу оние што ѝ упатија комплимент беше и македонската пејачка Лоба, која напиша: „Вистински феникс“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cece Nikolova (@nikolova.cc)


Нејзиниот коментар привлече внимание и поради симболиката на зборот „феникс“, кој е наслов на новата песна на пејачката, но и поради личната приказна на Николова.

Водителката со години отворено зборува за своето искуство со алопецијата, состојба што предизвикува губење на косата. Преку своите јавни настапи таа ја истакнува важноста на самоприфаќањето и самодовербата, особено кај луѓето што се соочуваат со промени во физичкиот изглед.

Во неодамнешно видео, во кое симболично разговараше со својата помлада верзија, Николова се присети на моментот кога одлучила повеќе да не носи перика и јавно да се појавува без неа.

„Едно сабајле станав и решив дека не можам повеќе да се кријам. Се изморив…“, раскажа таа.

Зборувајќи за животот што го изградила и за својата работа како водителка, Николова призна дека денес се чувствува исполнето и задоволно.

„Никогаш не сум била посреќна“, истакна таа.

Во истото видео се осврна и на погледите што понекогаш ги привлекува во јавноста, објаснувајќи дека со текот на времето научила поинаку да ги доживува.

„Луѓето се љубопитни, ама ќе се навикнеш на погледите. Не се со сожалување, туку со восхит“, порача Николова.

Со својата отвореност, водителката продолжува да испраќа порака за прифаќање на сопствениот изглед, додека нејзините последни фотографии покажуваат дека ужива во модата и во изразувањето на својот личен стил.

Слични објави

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

apostolova

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.

Сека Алексиќ сака да ги донира своите јајце-клетки, но и да посвои дете: „Тоа е врв на хуманоста!“

Еспресо

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо
Се вчитува....