19:02 - 5 ноември, 2026

(Видео) Ќерката на Гоца Тржан го украде вниманието на концертот на мајка си: Лена воодушеви со модната комбинација

Ќерката на пејачката Гоца Тржан, Лена, привлече големо внимание со своето појавување на концертот на мајка си во Сава центарот. Младата Лена ги воодушеви присутните медиуми со елегантното и модерно модно издание, кое не помина незабележано.

За оваа пригода избрала комбинација во темносиви тонови, која ги спојува елеганцијата и современиот стил.

Лена носела предимензионирана кошула со дискретни линии, која ја искомбинирала со широки панталони со висок струк.

Посебен впечаток на целата комбинација ѝ дал широкиот корсет-појас, со кој го нагласила струкот и создала интересен контраст со опуштениот крој на облеката.

Младата Лена позирала пред присутните фотографи и новинари, а нејзиното модно издание привлече внимание на концертот.

Пред почетокот на концертот, Гоца Тржан зборувала и за својата ќерка, откривајќи дека Лена била вклучена и во подготовките за настапот.

„Ќерка ми ги изработи визуелните содржини, ќе ги видите на екраните. На младите светот останува“, изјавила пејачката.

Таа открила дека најчесто ја советува ќерката како да остане доследна на себе во различни ситуации, но признала дека во последно време сè почесто и самата ги слуша советите на Лена.

„Малку сум интензивна, а таа е многу смирена. Ние двете веќе некое време не се расправаме. Не сме исти, но научив да сакам некого што е целосно поинаков од мене“, раскажала Гоца.

Пејачката открила и дека Лена често ѝ забележува за нејзиното однесување пред другите.

„Често ми вели: ‘Мамо, немој да ме брукаш!’. Тоа пред малку ми го кажа и Јелена Томашевиќ, дека и нејзината ќерка ѝ го кажува истото“, додала таа.

На крајот, Гоца се осврнала и на Иванa Петерс и на нејзиното отсуство од групата.

„Дали ни недостасува Ивана Петерс во групата? Па, знаете како, да. Иако, кога некого го нема, може и без него!“, изјавила пејачката пред собраните медиуми.

 

Слични објави

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

К.С.

Сека Алексиќ сака да ги донира своите јајце-клетки, но и да посвои дете: „Тоа е врв на хуманоста!“

Еспресо

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо
Се вчитува....