17:26 - 26 ноември, 2026

(Фото) Стефан Лазаров ужива во татковството — нежни моменти со малиот Лука во новиот семеен дом

Македонскиот јутјубер и водител Стефан Лазаров ужива во новата животна улога, татковството. Пред нешто повеќе од еден месец, тој и неговата сопруга Марта го добија синот Лука, а сега со своите следбеници споделуваат дел од секојдневието со најмладиот член на семејството.

Лазаров неодамна објави фотографија на која го храни малиот Лука со шишенце млеко. Заедно со фотографијата напиша само два збора, со кои ја изрази својата среќа.

„Среќа моја“, порача гордиот татко.

Фото: Инстаграм/Стефан Лазаров

На објавата реагираше и неговата мајка, Анита Лазарова, која не ја крие радоста поради новата улога на баба.

„На баба сонцето убаво“, напиша таа во коментар.

Стефан и Марта неодамна се вселија во својот нов дом, кој го уредија според сопствените желби. Сега таму ги создаваат првите семејни спомени со синот Лука.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

Слични објави

(Фото) „Дома за викенд“ : Ѓина Џиновиќ покажа детали од семејниот дом во Монте Карло

apostolova

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Нова едукативна програма за трудници

Еспресо

Снежана Ѓуришиќ искрено за најтешкиот период во животот: „По смртта на сопругот се повлеков од сите, а мир пронајдов во молитвата и разговорот“

Е.А.

(Фото) Како актерките од стариот Холивуд: Бергузар Корел блесна во кадифен фустан и рубини

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо
Се вчитува....