9.8 C
Скопје
13:20 - 1 април, 2026

(Фото) Глава боли од сумата: Цеца пристигнала во БМВ од 140.000 евра и во стајлинг од 40.000 евра! 

Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во облека која го одзема здивот, а на тоа потрошила цело богатство. Пејачката во студиото во Кошутњак се упатила со своето луксузно БМВ.

Таа носела комплет од превртена кожа, на луксузниот моден бренд „Миу Миу“, за кој потрошила неверојатни 7.850 евра – 3.200 евра за здолништето и 4.650 евра за јакната! На нозете носела кратки каубојски чизми, со иста боја и материјал, со потпис на Изабел Марант, за кои платила 690 евра, додека во рацете држела црна кожена чанта „Биркин“ на „Ермес“, која чини 30.000 евра! Целиот овој изглед го заокружила со очила за сонце на „Долче и Габана“ вредни околу 600 евра.

Стајлингот на Цеца можете да го погледнете на фотографиите – ТУКА.

И нејзиниот колега од „Ѕвездите на Гранд“ Ѓорѓе Давид ѝ упатил низа комплименти за нејзиниот изглед.

– Во месецот на мачките Цеца е најдобрата „мачка“ во жирито – им рекол Ѓорѓе Давид на насобраните новинари, со кои Цеца се сретнала пред самиот влез во студиото. Откако му се заблагодарила за комплиментот, таа го коментирала неговиот физички изглед:

– Јас не ги гледам така своите колеги, но Ѓорѓе навистина води сметка за својот физички изглед, што можете сами да видите и да заклучите, и тоа е многу убаво.

Додека некои со неверување гледаат на стајлингот на Цеца, коментирајќи дека не е нормално некој да одвојува толку пари за само едно појавување во јавноста, нејзините блиски пријатели велат дека тоа не е многу со оглед на нејзината месечна заработувачка.

– Цеца е една од нашите најдобри и најплатени пејачки и нејзиниот настап чини 50.000 евра! Ако на тоа се додадат бакшишите кои се огромни и неизоставни кога се работи за неа, и хонорарот од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, потоа емисијата „Цеца шоу“ што ја води на телевизија „Блиц“, како и дополнителните работи што ги има, тогаш не треба да чуди што не ја гледа цената кога избира што да купи и облече – рекол добро информиран извор.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....