13:52 - 13 ноември, 2026

Милица Тодоровиќ се сврши! Бизнисменот потрошил 150.000 евра на прстенот, ова се деталите

Милица Тодоровиќ наводно се свршила со своето ново момче Марио.

Според српските медиуми, Милица од него добила прстен вреден 150.000 евра.

Да потсетиме, Милица во емисијата „Амиџи шоу“ откри дека моментално има момче и дека е среќна во љубовта кога ја прашале кога ќе се омажи, а кумот и колега Стеван Анѓелковиќ открил детали за нејзиниот љубовен живот.

– Ние постојано зборуваме за тоа, имаме кандидат, мислам дека сега е блиску – рече Стева, а на тоа Милица реагираше на следниот начин.

– Ти благодарам куме за ова вечерва – се пошегувала Милица, но не го демантирала кумот дека има момче.

– Ќе дојдеме на свадба. Нека се случи, па лесно после – додал водителот масло на огнот.

Инаку, бизнисменот се вселил во нејзиниот стан во Белград.

– Милица со години живее сама, а Марио престојувал во изнајмен стан кога се доселил. Додуша сега живее со Милица, но недвижноста сепак ја плаќа. Не знам зошто е тоа така, но тој сака да ја испочитува пејачката, која е среќна во нејзиниот дом, па не инсистира да се всели. Не му е важно каде живеат, важно му е само да се заедно. Марио е луд по неа, а и таа по него. Се најдоа и ми се чини дека оваа врска на крајот ќе се претвори во она вистинското. Марио ги запознал сите нејзини блиски пријатели, како и колегите од забавната индустрија и тие биле воодушевени. Не се разделуваат, нон-стоп е кај неа во нејзиниот стан. Единствено што не се појавуваат заедно во јавност затоа што сакаат да ја чуваат својата љубов во тајност – рекол извор за „Блиц“.

Пејачката не сака да го претстави Марио во јавност, бидејќи веднаш ги покажувала претходните партнери, а тоа се покажало како лош потег.

Марио наводно вози скапо бентли. Го живее животот во потполност и ужива во него. Тие се на иста возраст, а тој и Милица добро се согласуваат, па сè повеќе се шпекулира дека наскоро ќе се слушнат свадбени ѕвона, бидејќи тој многу се труди околу неа, вели извор за српските медиуми.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....