14:55 - 27 ноември, 2026

(Фото) Четири ката, базен и фонтана: Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ купи луксузна вила во Опатија

Сè уште официјално сопруг на српската пејачка Драгана Мирковиќ, бизнисменот Тони Бијелиќ, често летува во Хрватска, каде што сега одлучи да купи нова вила.

Инаку, двојката често ја посетуваше Хрватска заедно, а и по разводот Тони ќе има можност да ужива тука.

Имено, Бијелиќ купил прекрасен имот во близина на Опатија, кој има четири ката, базен и фонтана, пренесува српски „Блиц“. Споменатиот медиум додава дека вилата има два влеза, како и огромен и простран двор.

Вилата има четири ката, огромен двор, голем базен, фонтана, неколку тераси со маси и столчиња опремени за уживање.

Имотот има два влеза, едниот од гаражата, како и другиот од задниот дел на дворот, кој е огромен, а како изгледа сè можете подобро да погледнете на фотографиите на линкот ТУКА.

Да потсетиме, Драгана преку официјално соопштение за медиумите објави дека по 24 години брак, во кои добија син и ќерка, се разведува од Тони. Богатството на Драгана и Тони се проценува на 100 милиони евра, вклучително недвижности, фирми и телевизија.

 

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....