12:34 - 2 април, 2026

(ФОТО) БРАВО СЛАЃАНА: Скопјанката по втората бременост се истенчи до беспрекорност!

Приказната на Слаѓана Трајковска носи голема надеж дека секоја од нас, без разлика дали сме веќе мајки или не, без разлика на тоа колку килограми сме наталожиле, можеме да ја трансформираме својата фигура до беспрекорност. 

Нутриционистката Елена Мирческа е со нас за да се „стегнеме“ во пресрет на есента.

Здравиот начин на исхрана е во мода, а добрите нутриционисти се сè побарани. Особено, ако здравиот диетен режим би можеле да го комбинираме со физичка активност. Нутриционистката, веганка и фитнес-инструкторка, Елена Мирческа, нѐ советува како да дојдеме во топ форма во пресрет на есента.

Елена е дипломиран инженер-технолог нутриционист, но има и бројни доедукации во областа на природната медицина, нутриционизмот и квалитет и безбедност на храна. Со еден збор, таа е нутриционист „пар екселанс“, или по „нашки“, експерт за храна без конкуренција.

А серијата што следува е „исповед“ за слабеење на некои од жените во кои Елена се вложила за да добијат фит-изглед.

Овојпат ѝ благодариме на скопјанката Слаѓана Трајковска што своето искуство го сподели со нас.

приватна архива

 

Слаѓана е млада мајка која после втората бременост сакала да си го врати телото како што ѝ било предходно, но единствениот начин кој што таа го знаела било гладувањето.

Имала искуства и предходно со различни диети, со кои ослабнувала и потоа повторно ги враќала килограмите.

– Нејзината сестра била иницијатор да побара помош од нутриционист. Програмата ја започна со голема доза на скептицизам, зошто не ѝ беше својствено како некој, со толку многу оброци и храна во текот на денот, да може да ослабне, ни објаснува нутриционистката Елена Мирческа.

Кај Слаѓана имало и дополнителна потешкотија што има мало бебе кое сè уште го доела, немала редовен сон и се будела на секои два часа, немала време за никаква физичка активност и згора на сè готвела по неколку различни оброци за сите дома!

– Меѓутоа, кога килограмите започнаа да се намалуваат, а обемот на стомакот драстично се намали, тоа беше огромна мотивација за таа да продолжи понатаму, а притоа квалитетот на млекото воопшто не го намали, нагласува Мирческа.

приватна архива

Денес Слаѓана Трајковска е презадоволна и пресреќна!  Особено е задоволна што во текот на целиот процес на слабеење имала постојано квалитетно млеко за да си го дои бебенцето. Драстично го сменила и начинот на исхрана, па денес грицките не постојат на нејзиното „мени“ туку само здрави намирници. 

 

 

 

Слични објави

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски раскажа неверојатна случка

Еспресо
Се вчитува....