12.8 C
Скопје
09:00 - 28 април, 2026

Форензичкиот психолог ѝ дијагностицираше на АМБЕР ХЕРД гранично растројство на личноста: „Лицата со БОРДЕРЛАЈН се склони да ги злоупотребуваат своите партнери!“

Уште еден пресврт во судскиот процес за клевета против поранешниот сопружник на Амбер Херд – Џони Деп: „Оние кои страдаат од борделајн можат да дејствуваат на насилен начин и физички и психолошки. И тие често се склони да ги злоупотребуваат своите партнери“.

Правната битка меѓу Џони Деп и Амбер Херд продолжува.

Сега главен збор има форензичкиот психолог што го ангажираа адвокатите на Деп за да утврдат во каква состојба на умот се наоѓала госпоѓа Херд.

Шенон Кари, експертка специјализирана за посттрауматско стресно нарушување работејќи со американски ветерани, ги проучуваше документите на случајот и имаше 12-часовно интервју со актерката минатиот декември, кое откри дека хероината на Аквамен има гранично растројство на личноста. Според сведочењето, некои симптоми се однесуваат на „вродениот гнев и непријателство“, склоност кон „нестабилност на расположението“ и „лицемерие“. Во пракса, ова предизвикува серија повторувачки однесувања: „Оние кои страдаат од борделајн можат да дејствуваат на насилен начин и физички и психолошки. Тие често се склони да ги злоупотребуваат нивните партнери“.

Меѓу сведоците се најде и Тара Робертс, која 15 години управувала со приватниот остров на актерот на Бахамите и ги раскажала кавгите на сопружниците. Жената се сеќава на физичкиот напад на Амбер Херд врз Џони Деп и навредите упатени кон него, вклучително и заканата дека ќе умре сам.

Конечната одлука на судиите кој е во право а кој е виновен ќе се знае за околу шест месеци колку што трае рочиштето.

Слични објави

(Видео) Хит на Тикток – девојка му даде број на пејачот на „Магла бенд“, тој ѝ одговори: „Оженет сум“

Еспресо

Дневен хороскоп за 28 април: Не брзајте со одлуките

apostolova

(Видео) Сека Алексиќ го прослави роденденот со гламурозна гала вечер: Со длабоко деколте, се прекрсти, па ги изгасна свеќичките

Еспресо

(Фото) Бремената Деа Ѓурѓевиќ објави семејна фотографија која топи срца: „Чекајќи ja нашата Ирис…“

Еспресо

(Видео) „Плачев со Тома Здравковиќ и со Цуне Гојковиќ“ – Наум Петрески откри емотивна приказна

Еспресо

Крај на големата љубов: Бресквица се исели од заедничкиот стан по пет години врска

Е.А.
Се вчитува....