18.8 C
Скопје
21:06 - 29 април, 2024

ФОРБС: Држете ги овие жени „на око“ во 2022, нивната моќ доаѓа со молскавична брзина

Секоја година престижното списание „Форбс“ прави рангирање на најмоќни жени во светот, но, овојпат објави поинаква листа – жени кои треба да ги „држиме на око“ во 2022 години – жени кои би можеле да направат големи промени зашто нивната моќ молскавично брзо се зголемува.

Економска моќ, моќ на зборот, моќ да се променат работите – „Форбс“ подготви рангирање на жени кои би можеле да влезат на официјалната листа на најмоќни жени во светот во 2022 година. На врвот на листата е првата жена премиер од Барбадос, Миа Мотли, која успеа да го трансформира својот остров во република, вадејќи го од британската монархија и назначувајќи ја Сандра Мејсон (уште една жена на која треба да се внимава) за прва гувернерка на државата. Непосредно претходно, на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации, таа го привлече вниманието на светската сцена поставувајќи им на присутните лидери многу едноставно прашање, на кое, сепак, секогаш изгледа многу е тешко да се одговори: „Кога и дали, како светски лидери, ќе се соочиме со итните прашања што ги засегаат нашите граѓани, без разлика дали се тоа климата или вакцините? Кога лидерите ќе бидат лидери?“.

Миа Мотли, фото инстаграм

Веднаш по Мотли, на листата е Најла Буден Ромдан. Никогаш претходно не се случило жена да ја извршува функцијата премиер на Тунис. Но, на оваа жена,  професорка по геологија, која во минатото беше одговорна за квалитетот на туниското високо образование, тоа ѝ успеа. Колку ќе успее да го каже и спроведе своето мислење пред лицето на претседателот, кој дојде на власт со суспендирање на парламентот и преземање контрола, останува да видиме.

Најла Буден Ромдан., фото инстаграм

Високо на листата е и Лин Мартин, раководителка на одделот за фиксни приходи на Интерконтиненталната берза, која оствари приход од 1,4 милијарди долари во првите девет месеци од 2021 година, жена што ќе ја преземе функцијата од Стејси Канингам како претседател на Њујоршката берза. По неа, уште една исклучителна жена, активистката Немонте Ненкимо, која ја основаше Алијансата Цеибо за да ја заштити природата во нејзиниот роден Еквадор. Помогна да се сочуваат околу 500.000 хектари амазонска прашума и територијата Ваорани од екстракција на нафта.

Немонте Ненкимо, фото инстаграм

На листата се и коосновачката на „Канва“ (Canva), Мелани Перкинс, основачката на „Тала“, Шивани Сироја, коосновачката на „Бамбл“, Витни Волф Херд и коосновачката на „Клиар“(Clear), Керин Сејдман-Бекер. Сите тие влегуваат во списокот на жени чија работа треба да се следи затоа што создале компании кои донеле големи промени во секторот во кој работат.

Аја Накамура, фото инстаграм

Меѓу моќните жени од медиумите, кои освоиле огромна публика, предводи Минјонг Ким, потпретседателка за содржина за Азиско-пацифичкиот регион на Нетфликс. Но, тука е и кинеската стенд-ап комичарка Јанг Ли со нејзините шеги за „просечните“ мажи, и француската поп ѕвезда со потекло од Мали, Аја Накамура, една од најследените музички ѕвезди во Франција.

 

 

Слични објави

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо

Јелена Карлеуша призна дека не верува во помирување со Душко: Ситуацијата е очајна многу долго, никогаш нема да биде како порано…

Еспресо

Марија Шерифовиќ за проширување на семејството: Еве дали ќе има и второ дете

еспресо
Се вчитува....