20:34 - 11 ноември, 2026

Федерер денеска го игра последниот меч во кариерата, а еден трагичен настан придонел да стане светски рекет број еден

Роџер Федерер е најодликуваниот тенисер на сите времиња. Откако наполни 41 година, тој одлучи дека е време да стави крај на професионалниот тенис.

Денеска ќе го одигра последниот натпревар.

Малку се знае за животот на славниот ас, но она што е познато е дека Федерер уште во 2002 година минувал низ тежок период во животот.

Секој професионален спортист се врзува за тренерот и тој едноставно станува дел од неговиот живот. Федерер својот тренер го сметал за свој татко.

Австралискиот тениски тренер Питер Картер бил првата врска на Федерер со тенисот. Го запознал кога имал девет години и го водел низ светот на овој спорт во тинејџерските години.

Непосредно пред Федерер да наполни 21 година, се случила трагедија која целосно му го сменила погледот на светот. Неговиот тренер Картер загина во 2002 година.

Во разговор со Федерер, тој дошол на идеја да отпатува со својата сопруга, која претходно го победила ракот, во Јужна Африка на сафари. За време на возењето, возачот морал да скршне за да избегне судар со комбе, па тие излетале од патот. Питер и возачот загинале на лице место. Федерер во моментот кога се случила трагедијата играл турнир во Канада, а веста за смртта на тренерот го погодила како бомба. Тој бил толку очаен што плачејќи трчал низ улиците на Торонто, а по трагедијата долго време бил целосно неутешен.

Со години го мачело чувството на вина, бидејќи токму тој таа дестинација му ја предложил на Картер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Слични објави

Битка за вилата вредна 1,7 милиони евра – Николина Пишек мора да му исплати стотици илјади евра на свекорот Миша Гроф

Еспресо

(Фото) Семејно бегство на северот на Европа: Жељко Бебек со сопругата и ќерката во посебна авантура

Еспресо

„Многу сум си горда на себе“ — Јелена Спенџарска од Брисел за трудот и критиките зад објавите на Инстаграм

К.С.

Додека ужива со 70-годишниот милионер, Мелина Џиновиќ откри дали планира трето дете

Еспресо

(Фото) Од сомнеж за лажен профил до свадба на Санторини — „македонската Барби“ раскажа како го запознала сопругот

apostolova

Ива Бојановиќ без влакна на јазикот за помладиот дечко на Дара Бубамара: „Како да му е другар на син ми, не би можела!“

Еспресо
Се вчитува....