34.8 C
Скопје
14:02 - 11 септември, 2026

Која е Џоел Рич, новата девојка на Џони Деп? И како можевме да ја видиме реалноста поинаку?

Гласините сè повеќе се потвруваат – Џони Деп е во врска со адвокатката Џоел Рич. А многумина се прашуваат од каде сега таа? Сите очи беа вперени во Камила Васкез, адвокатката која го доби судскиот процес против неговата поранешна сопруга Амбер Херд. Но, воопшто не сме знаеле што гледаме! Ако само некој се загледал во првиот ред, веднаш зад Деп, ќе ја забележел Џоел Рич – вистинската адвокатка која му го украде срцето на „пиратот“.

Но, која е Џоел Рич? Тaa е Англичанка, има 37 години и е еден од партнерите на адвокатската канцеларија Шилингс, чии клиенти се и принцот Хари и Меган Маркл.

Студирала право на Универзитетот во Бирмингем и е специјализирана за „медиуми, забава, интелектуална сопственост и комерцијални и приватни набавки“, како што е наведено на нејзиниот профил на Linkedin.

Џоел е мајка на две деца и е во фаза на развод од нејзиниот сопруг. Не е јасно кога врската со Џони Деп се претворила во нешто повеќе од онаа помеѓу клиентот и адвокат. Но, според некои извори на кои се повикуваат американските медиуми, разделбата со сопругот се случила само два месеци по средбата со актерот.

Џоел постојано била фотографирана со Џони Деп за време на судењето во судницата во Фарирфакс, Вирџинија, но токму тука е и „проблемот“. Публиката која го следеше судењето, веќе збунета меѓу различните адвокати и професионалци кои ја следеа ѕвездата речиси два месеци (од 11 април до 1 јуни) за време на постапката во која тој се судеше против поранешната сопруга Амбер Херд, речиси никој не забележа дека Џоел нема никаква врска со одбраната на актерот во судницата во Вирџинија.

Рич доаѓала со Деп во судницата, седела честопати и директно зад него во првиот ред. Излегувала со него од судницата и заедно влегувале во автомобил, но сепак, сите погледи беа насочени кон жената која го бранеше до победата, Камил Васкез.

(Фото) Адвокатката на Џони Деп се развела поради него? Повторно се фотографирани заедно

Слични објави

Кој ги купи луксузните апартмани на Саша Поповиќ во Опатија? Неговиот кум откри детали

Еспресо

Ретко кој може да ѝ одолее на оваа феноменална пита со сезонско овошје

Т.Ц.

(Фото) Ваква Цеца досега не сте ја виделе: Се појави фотографија од младоста со сестра ѝ и родителите

Еспресо

(Фото) Богдана и Вељко Ражнатовиќ се забавуваа на Кипар: Се играло и ужичко оро

Еспресо

Доколку имате проблеми со видот јадете храна богата со витамин А

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ мами погледи на Сардинија – ги покажа долгите нозе во фустан со висок прорез

Еспресо
Се вчитува....