6.8 C
Скопје
01:26 - 28 април, 2024

(Фото) Фаталната Ева Грин е можна причина за разделба на Винсент Касел и Тина Кунаки: Ѝ го скрши срцето на Белучи, но и младата убавица ја изгустира

Поранешниот сопруг на Моника Белучи, Винсент Касел е повторно во центарот на вниманието откако се појави веста дека тој и младата убавица Тина Кунаки се разделени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @guccireport

„Тие раскинаа пред неколку недели. Тина е со скршено срце”, рекол извор заДејли меил. Причината за раскинувањето не е наведена. Новинарите забележаа и дека 56-годишниот актер ги избришал од Инстаграм сите фотографии со 26-годишната сопруга.

За проблемите во врската на парот на социјалните мрежи почна да се зборува откако Тина Кунаки неколку недели не објавуваше заеднички фотографии со сопругот. Претходно парот постојано споделуваше фотографии на социјалните мрежи на кои двајцата позираа заедно. Кунаки неодамна објави само фотографии од фотосесии, а Касел на социјалните мрежи зборуваше за своите нови филмови. Тој објави и неколку фотографии со својата колешка Ева Грин, која ја нарече „одлична колешка во филмот“. Во објавите, тој ја спомна и поранешната сопруга Моника Белучи и нивната заедничка ќерка Дева која веќе цврсто гази на модните писти.

Освен тоа, новинарите забележале дека Касел на социјалните мрежи не ѝ го честитал роденденот на сопругата. Самите Винсент Касел и Тина Кунаки не ги коментираа гласините за раскинувањето.

Винсент Касел и Тина Кунаки се венчаа во 2018 година, две години откако се запознаа. Во 2019 година се роди нивната ќерка Амазони. Нивниот брак често беше критикуван во медиумите поради 30-годишната разлика во годините.

Касел претходно беше во брак со Моника Белучи, од која се разведе во 2013 година по 14 години брак. Тие имаат две заеднички ќерки: Дева и Леони.

Но кој е всушност Винсент, срцекршач кој ги има освоено најубавите жени. Тој е еден од најбараните, успешни и светски познати француски актери, еден од ретките Французи кои успеаја да постигнат успех во Холивуд и еден од најсниманите актери дома и во странство. Вниманието кон него не избледе во изминатите 30 години, не само поради оваа причина.

Се прослави со мафијашки ликови

Неговиот татко бил исто така глумец, а Винсент многу млад заминаа во Њујорк, каде што заработувал глумејќи  „живи статуи“ на улиците. Ова не можело да ги задоволи неговите амбиции, па наскоро Винсент се вратил во Франција. Друго негово хоби од мали нозе бил театарот. Отпрвин, неговиот татко не ја поттикнал неговата желба да стане актер, но потоа тој сепак се помирил со изборот. Првата популарност му се случи во средината на 1990-тите, кога 28-годишниот актер ја одигра својата прва голема улога во социјалната драма Омраза, за која беше номиниран за наградата Цезар. Друга креативна победа за актерот беше филмот „Crimson Rivers“, каде што Касел глуми со неговиот татко и Жан Рено. На 35-годишна возраст, Винсент Касел веќе беше еден од најпрепознатливите и најпопуларните актери во француската кинематографија, но светската слава му дојде дури откако почна да глуми во Холивуд. Со својот шарм, тој секогаш успеваше во улогата на негативни ликови, а тука неговата улога се покажа како неверојатно барана. Касел стана еден од ретките француски актери кои успеаја да се зацврстат во Холивуд.

Жените го обожаваат

Секако, „лошиот“ Винсент Касел отсекогаш уживал неверојатен успех кај спротивниот пол. Тој призна своевремено: „Бев енергичен млад човек, скокав од една девојка на друга, но секоја врска никогаш не траеше повеќе од 3-4 месеци. Моника беше мојата прва вистинска љубов“. Тие се запознале со италијанската актерка Моника Белучи во 1996 година на снимањето на филмот „Апартманот“.

Била љубов на прв поглед, иако тој се бунел од почетокот кај режисерот зашто за филмот не добил профеионална актерка, туку моделка која рекламира костими за капење.

Вкупно, тие поминаа околу 17 години заедно, глумеа во 10 филмови и одгледаа две ќерки.

Тие беа наречени еден од најубавите, најсилните и најхармонични парови во светот на кинематографијата. Гласините за неверството на актерот брзо одекнаа во јавност, така во 2013 година, парот сепак се разведе. Никој од нив не ги коментираше причините, но судејќи по тоа колку тешко Белучи минуваше низ развод, Касел беше иницијаторот за развод.

Што може да биде причината за разделба од Тина Кунаки?

Во ек се шпекулациите дека Винсент може да е во врска со неговата партнерка од новиот филм „Тројцата мускетари“, Ева Грин (39), популарна француска актерка и модел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Harold James (@harold_james)

Ева Грин е добро позната како ќерка на актерката Марлен Жоберт. Ева никогаш не била мажена и нема деца. Беше во врски со некои познати личности, на пример, со Јан Класен, Мајкл Пит и Мартон Чокас.

 

Слични објави

(Фото) Никола Роквиќ собори личен рекорд! Пејачот откри колку километри поминал денеска на пат за Грција, бројката е фасцинантна

Еспресо

(Видео) Ана Николиќ пак ја шокираше јавноста, ги рашири нозете: „Сосема пукна женава“

еспресо

Таткото положи цвеќе, вдовицата ја нема! Миша Гроф ја одбележа годишнината од смртта на синот, Николина Пишек не била информирана

Еспресо

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо
Се вчитува....