3.8 C
Скопје
21:46 - 20 декември, 2024

ФАБЕРЖЕ: Приказна за велигденските јајца

Велигденските јајца „Фаберже“ како уметнички предмети и денес воодушевуваат и предизвикуваат внимание. Последниве години станаа објекти по кои лудуваат руските тајкуни, кои не прашуваат за цена и на аукциите достигнуваат милионски суми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FABERGÉ (@officialfaberge)

А сè започна кога царот Александар Трети во 1885. посака на царицата Марија Фјодоровна за Велигден да ѝ подари посебен уметнички предмет. На царицата толку ѝ се допаднал подарокот што царот продолжил со подарување скапоцени јајца, секој иден Велигден, а оваа традиција ја продолжил и неговиот наследник, последниот руски цар, Николај II Романов. Младиот цар бил растргнат меѓу својата сопруга – царицата Александра Фјодоровна, и мајка му Марија Фјодоровна, која не го одобрувала овој брак, па царот почнал да нарачува за Велигден по две јајца, едно за мајката, друго за жената.

Изгледот на јајце, а особено посебниот подарок што го крие во себе, се чувани како најголема тајна. Дизајнот на царски јајца бил инспириран од уметничките дела, кои Фаберже ги наоѓал во своите посети на Ермитаж, дел од јајцата претставуваат и историја на царското семејство.

За основа на јајцето е употребуван камен: јаспис, ахат, кварц, лапис лазули и нефрит. Техниката со која се работени, делумно провиден емајл, била исклучително почитувана во 19 век и барала по неколку слоја емајл, посебно печени.

Бидејќи во тоа време се употребувале само неколку бои, Фаберже одлучил да експериментира и на крај достигнал 140 различни нијанси. Најпрочуен бил емајлот во боја на острига, чиј колорит зависел од светлото под кое се гледа. Од материјалите за украсување користел злато, сребро, бакар, никл и паладијум, а готовите јајца на крајот се украсувани со камчиња – сафир, рубин, смарагд и дијаманти. Покрај царските јајца, 12 парчиња од вкупниот број, биле направени и за сибирскиот сопственик на рудник на злато, Александар Келх. Меѓу првите нешта што емигрантите по револуцијата ги продале на странските антиквари се нашле и шест јајца од Келховата колекција. Од вкупниот број јаја, лоцирани се 44.

Едно од последните пронајдени јајца е таканареченото Ротшилдово јајце, кое во 2007 година е продадено во лондонскиот „Кристис“ на рускиот колекционер Александар Иванов за околу 18 милиони долари. Ова јајце, со розова боја, со часовник, кое во себе крие брилијантно петле што кукурика до самата аукција никогаш не ја напуштило куќата Ротшилд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FABERGÉ (@officialfaberge)

Руската револуција донесува и крај на јувелирската куќа Фаберже, на која во 1918 имотот и го национализираат.

Карл Фаберже го напушта Петроград и со последниот дипломатски воз заминува за Рига, а оттаму за Хамбург, за на крај да се смести во Визбаден. Бољшевиците ги апсат синовите Агатон и Александар. Фабержеовата сопруга и најстариот син Ежен успеваат да пребегнат скриени во возило што превезувало дрва. Карл Фаберже, веќе сериозно разболен поминува во Лозана. Сопругата и синот Ежен му се придружуваат во 1920, но тој набрзо на 24 септември истата година умира. Синовите Александар и Агатон до 1927 година успеваат да побегнат од затвор и со своите семејства да се преселат во Финска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anouska (@anouskacolourfulliving)

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....