3.8 C
Скопје
03:58 - 21 декември, 2024

ЕВЕ КАКО КАНЈЕ ВЕСТ ИМ ГО МЕНУВА СТИЛОТ НА ЖЕНИТЕ: Џулија Фокс е само една од жртвите на бизарноста, ако не се облечете по негово – нема излегување од дома!

Знаеме дека заедно со музиката, најголемата страст на Канје Вест – чие официјално име сега е Је – е модата. Тој има своја модна линија, соработува со најважните брендови и влезе во историјата на модата со неговите Yeezys кои станаа меѓу најкопираните патики досега.

Како и секој креативец, Канје секогаш си има своја муза и, гледајќи наназад во неговите поранешни врски, секогаш се отсликува себе во своите актуелни девојки. Имено, за само неколку дена или месеци, неговите придружнички потпаѓаат под неговата креативна желба  да ги стилизира, да им го смени имиџот и изгледот „ по негово“. И, секако, да ја облече девојката како што тој сака.

НЕМА ПРОСТОР ЗА СЛОБОДНО ИЗРАЗУВАЊЕ

Бизарното е во тоа што – ако сте негова девојка – нема да имате простор за слободно изразување: или се облекувате како што вели Канје или не можете да излезете од дома, барем не со него.

Прва што ги „преживеа“ неговите креативни експерименти беше неговата поранешна девојка Амбер Роуз, со која беа заедно две години, од 2008 до 2010 година, практично на почетокот на неговата кариера. Стилот на манекенката и инфлуенсерка беше лежерен, сè додека не го запозна Канје и мораше да се промени сосема – да ја следи неговата естетика која кореспондираше со светот на рапот, фаворизирајќи го рап стилот (во изгледот). Во тоа време, Роуз беше принудена да се брани од некои критичари кои ја нарекоа лична Барбика на раперот која се облекуваше по негов вкус. Сепак, љубовната приказна заврши, а Амбер се врати на својот стил и почна да се облекува како во времето пред Канје.

Потоа доаѓаме до Ким Кардашијан. По средбата со Је, не се смени само нејзиниот стил, туку практично сè од имиџот на семејството Кардашијан.

Ѝ ја фрли облеката на Ким, ја дотера по негово

По неколку месеци врска, како што овековечија камерите на „Keeping Up with the Kardashians“, раперот ја фрли целата стара облека на кралицата на реалните шоуа, заменувајќи ја со други модни парчиња кои ги сметаше за посоодветни за неа.

Во 9-те години што ги поминаа заедно, Ким мораше да носи модни комбинации дизајнирани од сега нејзиниот поранешен сопруг. Случката кога Канје летал на еднодневно патување од Лос Анџелес до Париз остана во модната историја, а тоа го направил бидејќи ја видел својата сопруга, за време на француската модна недела, со изглед што не му се допаѓал.

Така, поминал неколку часа во Париз само за внимателно да избере што треба да облече Ким. Благодарение на него, Ким станала таканаречена „модна икона“ ама се додека не се разделила со сопругот.

Имено, како што многумина забележаЛЕ, сепак, сега кога е со Пит Дејвидсон, таа избира посекси облека и преферира различни нијанси на бои, што беше речиси забрането порано.

Кутрата Џулија Фокс

И конечно, доаѓаме до најновиот пламен на Канје Вест: Џулија Фокс. И покрај тоа што се познаваа помалку од 20 дена, раперот не губеше време и актерката почна да носи парчиња по негов избор и на уште првиот состанок ја опсипа со нова гардероба, по негов вкус. Всушност, во секое јавно појавување, Фокс носи облека што е избрана за неа од актуелниот партнер и која го одразуваат новиот стил на Је. Оваа облека нема никаква врска со претходниот стил на Фокс.

 

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....