19.8 C
Скопје
14:25 - 12 март, 2026

Ердоган сака да организира средба меѓу Путин и Зеленски: „Не губам надеж“

Турскиот претседател Ердоган изјави дека Путин сака да стави крај на конфликтот во Украина што е можно поскоро, пренесуваат руските портали. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека рускиот лидер Владимир Путин се стреми што поскоро да ја прекине специјалната операција во Украина. Тој, исто така, се надева дека ќе организира средба меѓу претседателите на Русија и Украина за да ги слушне нивните ставови за причините за почетокот на руската специјална операција – денес соопштуваат руските портали.

Реџеп Таип Ердоган пристигна во Њујорк на 77. сесија на Генералното собрание на ОН. Во интервју за американскиот телевизиски канал PBS, тој рече дека, според неговите информации, Москва и Киев се договориле за размена на 200 воени заробеници. Според претседателот на Турција, ова е „добар настан“.

Според турскиот претседател, од Украина се извезени речиси три милиони тони земјоделски производи благодарение на склучувањето на договорот за храна во Истанбул. Ердоган се надева дека производите нема да бидат доставени до развиените земји, туку до „неразвиените или сиромашните“ држави.

Одговарајќи на прашањето како брзо да се стави крај на руско-украинскиот конфликт, турскиот лидер рече дека тука е многу важна позицијата на Русија.

„Сфатив дека тие (руските власти) се обидуваат да го прекинат ова што е можно поскоро“, вели Ердоган и додева дека „на Украина и на Русија им треба заедничко разбирање“ и дека „сега мора да бидеме решени да го запреме овој конфликт и оваа војна“, рече тој.

Во своето обраќање понатаму Ердоган нагласува дека „г-дин Зеленски и господин Путин, а не ние, најдобро можат да ги објаснат причините и последиците“ за почетокот на конфликтот и дека „тука сме да ги сослушаме двете страни. Затоа толку многу инсистирам на средба на лидерите. Сè уште не успеавме, но не губам надеж“, нагласува Ердоган.

Слични објави

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin
Се вчитува....