11:02 - 31 март, 2026

Ердоган предупредува: „Нема да кажеме „да“ за влезот во НАТО на оние кои воведуваат санкции кон Турција“, делегациите од Хелскинки и Стокхолм не треба да нè убедуваат

„Двете земји немаат јасен и недвосмислен однос кон терористичките организации, а делегациите и од Хелсинки и од Стокхолм не треба да се заморуваат да дојдат во Турција во понеделник за да не убедат“, рече турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган, мислејќи на Шведска и Финска, повторувајќи го противењето на Анкара за прием на двете нордиски земји.

Во меѓувреме, со заедничка декларација, министрите за надворешни работи на Естонија, Латвија и Литванија ја поздравуваат „историската одлука“ на Шведска и Финска да влезат во НАТО и ги уверуваат дека ќе направат „сè што е потребно“ за да ги поддржат. „Уверени сме дека Шведска и Финска ќе придонесат за единството, солидарноста, кохезијата и силата на Алијансата и на целата трансатлантска област, во време кога безбедносната рамка е сè посложена“.

Како што јави Си-Ен-Ен, тројцата министри за надворешни работи подвлекоа дека „влегувањето на Хелсинки и Стокхолм во НАТО значително ќе ја зголеми безбедноста на регионот на Балтичкото Море“ и „ќе отвори нови перспективи за нордиско-балтичката област и другите формати на регионална соработка во областа на одбраната и безбедноста“.

Министрите на Естонија, Летонија и Ливанија потоа заклучија дека трите земји „се обврзуваат на брза ратификација на влезот на двете нови членки на Атлантската алијанса“.

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....