7.7 C
Скопје
00:15 - 1 април, 2026

ЕМОТИВНО ВИДЕО: Бабичка бегалка од Украина си го најде 13-годишното куче во Ирска

Баба која престојува во Ирска по бегството од војната во Украина, денеска е повторно обединета со својот сакан црн лабрадор (мешавина) со име Таша.

Виолета (86), родум од Одеса, се обидела со себе да го однесе и својот остарен (13-годишен) миленик кога побегнала од земјата.

Но, бабата и старото куче биле принудени да се разделат во Романија бидејќи старицата не можела физички да ја носи Таша понатаму.

Извесно локално семејство се согласило да се грижи за Таша, додека бабичката го продолжила своето бегство од војната и на крајот нашла засолниште во Ирска.

Хуманитарната работничка Деби Диган, која ѝ помогнала на Виолета со семејството да стигне во Ирска, направила план да ја спаси Таша кога видела колку е вознемирена Виолета што е одвоена од кучето.

„Таа не се справуваше добро без Таша. Контактиравме со семејството во Романија, а потоа организиравме компанија која ќе го пренесе лабрадорот преку осум граници“, рече таа.

И така започнала спасувачката мисија на Таша да стигне во Ирска.

„Тоа беше многу долго патување за неа – таа беше на пат две недели – но каков прекрасен среќен крај е да се види Таша повторно соединета со Виолета денес“, рече г-ѓа Диган.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....