20:49 - 9 јануари, 2026

Емотивна приказна на Драган Спасов- Дац во која многумина ќе се пронајдат

На својот Фејсбук профил, нашито познат актер Драган Спасов- Дац кој секогаш има интересни нешта да каже напиша една инспиративна и мотивирачка приказна од која сите можеме да научиме.

-Не ги чепкај луѓето со педесет +. Сериозно. Тоа не е само генерација — тоа е посебна форма на преживување. Тврди како леб од една недела. Брзи како татковата папуча што лета кон тебе со прецизност на бумеранг.
Со пет години знаеле да го препознаат расположението на мајка им по звукот на капакот од тенџерето. Со седум — имале клуч на врвка и упатство: „Ручекот е во фрижидер. Подгреј го.”
Со девет — сами си готвеле едноставни јадења, а потоа сами пешки оделе до училиште. Со десет — знаеле да поправат чешма и да избегаат од кучето на соседот.
Цел ден поминувале надвор. Без телефони. Наместо Wi-Fi — рута: игралиште — река — дома по мрак со колена што изгледале како од битка. И преживеале. Раните на колената ги мачкале со плунка и врз нив ставале лист што ќе се најде при рака. А кога болело — од родителите слушале: „Не отпадна? Тогаш не боли.”
Јаделе леб со шеќер, пиеле вода од градинарско црево — микробиотик на кој би позавидел секој додаток за исхрана. Алергии немало. А и да имало — за нив не се зборувало. Знаат 15 начини како од облека да се исчисти трева, маст, крв, кал и мастило — бидејќи дома морало да се вратиш „чист“.
И тоа не е сè. Поминале низ:
– транзисторско радио,
– црно-бел телевизор,
– грамофон,
– касетофони,
– CD-а и дискмени,
– касети што се премотувале со молив.
Тоа е последната генерација што го памети светот без интернет. Без страв дека батеријата ќе се испразни. Го паметат домашниот телефон, тефтерите со рецепти и родендени — без потсетници.
Тоа се луѓе што:
– сè поправаат со изолир трака, спојка и клешти,
– имале еден ТВ-канал и телефон со жица.
Тие се поинакви. Имаат емоционален азбест, отпорност од времето на оскудица и рефлекси навежбани на диви игралишта. Последни вистински нинџи на секојдневието.
Не ги чепкај луѓето со педетет +. Тие виделе повеќе. Преживеале подлабоко. И во џебот имаат ментол бонбона постара од твојот паметен телефон.
(Непознат автор)“, напиша Дац.
Фото/ Фејсбук

Слични објави

Песната на Лепа Брена не познава граници: Девојка од Германија ги воодушеви сите со изведба на нејзиниот познат хит

Е.А.

(Фото) Азис ја започна 2026 година со одмор на Хаваи

Е.А.

Северина објави ретка фотографија од синот Александар: Сличноста е вневеројатна

Е.А.

(Видео) Крстот од жито што вдовицата на Маринко Роквиќ го направила за слава е најубавото нешто што ќе го видите

Еспресо

(Видео) Марија Микиќ го покажа лицето без грам шминка: Среде ноќ објави видеа од нејзината вила вредна 500.000 евра

Еспресо

Мирослав Илиќ за крајот на кариерата: Бродот го водам кон пристаништето, го спремив сидрото! Години наназад се подготвувам за тој момент

Еспресо
Се вчитува....