9.8 C
Скопје
18:57 - 12 март, 2026

Една од најубавите песни на Елена Велевска доби видеоспот: Нејзините машки фанови ќе уживаат кога ќе гледаат! (ВИДЕО)

Познатата фолк-пејачка Елена Велевска конечно го објави новиот спот за песната „Говорот на телото“, песна која таа ја успеа уште во далечната 2003 година. 

Песната „Говорот на телото“ според многумина е една од нејзините најубави песни во кариерата и токму поради тоа ова ремек-дело заслужуваше да биде екранизирано.

– Сите знаеме дека добрата песна нема рок на трање, секоја песна има творци и кога е презентирана на широката јавност, но дали истата ќе остане да живее и ќе остави трага- нема правила. На многу песни им е посветено вниамие, но не станале хитови. Добар дел неправедно биле недоволно промовирани, но и после долги години се пеени, препејувани и обновувани. „Говорот на телото” од првиот ден го имаше внинамието, ама секогаш имав впечаток дека песната не го добила тоа што го заслужува секоја добра песна во ова модерно време на екранизација. Можеби и подобро е токму сега кога видео-записите кои, иако се направени од вистинските мајстори на својот занет, знаат да ја пренесат душата на песната низ подвижни слики… Не го следевме трендот на повторно снимање на песната бидејќи оргиналната верзија ја има душата која и после 17 години, ќе речат нескромно е, но навистина парира на денешната продукција. Единственото што недостасуваше за песнава да биде комплетна е видео-запис кој во моментов Ви го презентираме (да, множина, бидејќи цел тим стои зад ова парче), а воедно сме горди што токму „Говорот на телото” е првото вертикално видео за песна од Фолк етерот – напиша познатата пејачка на својот профил на Фејсбук.

Се разбира, Елена и во ова видео го истакна целиот свој сексапил и по кој знае кој пат ја оправда титулата – „Најзгодната пејачка на нашата естрада“.

Инаку и за овој спот атрактивната пејачка соработуваше со режисерот Бане Поповиќ, кој се потпишува и на неколку други нејзини видеа.

Да не должиме многу, уживајте во видеото и песната:

Слични објави

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо

Раперот Војаж објасни зошто глуми опасен тип, реакциите се жестоки

Е.А.

(Фото) Повеќе од 50 милони! Луна Ѓогани се пофали со својот голем успех по враќањето од Малдивите

Еспресо

Страв стар со векови: Седум работи кои според верувањата носат несреќа на петок 13

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо
Се вчитува....