15:16 - 1 април, 2026

Двор под винова лоза од 2.500 квадратни метри во село Пепелиште: Блазе ѝ на вредната Донка што и сопругот има златни раце!

Донка Николова е вработена во фабрика за автомобили ДММ, а нејзиниот сопруг е пензиор, па така времето го пополнува посветувајќи се на семејниот убав двор кој се наоѓа во село Пепелиште, Неготино. И двајцата се инаку, големи љубители на цвеќето и на природата. 

Пепелиште е вгнездено во лозарскиот регион Повардарие, покрај реката Вардар.

Дворот на семејството Николови располага со дури 2.500 метри квадратни од кои петстотини се под винова лоза.

– Имаме 90 дрва лешник, 70 дрва разновидни овошки, малини и две фолии со раноградинарски култури – ни објаснува Донка.

Од цвеќиња пак, најзастапени во дворот се трендафилите, во сите бои, како и петуниите.

– Дворот бара секојдневно одржување, но тоа е голема љубов на мојот сопруг – искрена е нашата соговорничка.

– Имаме и детско катче кое тој самиот го изработи за нашите внучиња – продолжува таа и советува „секој кој сака да има уреден двор мора да вложи многу труд, време, но најмногу голема љубов и внимание. Секое цвеќе е лесно за одржување кога се има желба и љубов“.

Инаку, Донка Николова е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија.

Фото- приватна архива

(Фото сторија) Во Асамати, во дворот на Зурие Ајрулај: „Занимавањето со цвеќиња е храна за душата“

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....