08:13 - 12 март, 2026

ДВЕТЕ ЈАХТИ на АБРАМОВИЧ закотвени во Турција: „Соларис“ во Бодрум, „Еклипс“ во Мармарис – и двете со знаме на Бермудите!

Соларис, луксузната јахта на рускиот милијардер Роман Абрамович, е забележана во близина на пристаништето Бодрум, Турција. Европските влади почнаа да ги запленуваат имотите на руските олигарси, вклучително и на 55-годишниот сопственик на Челзи, како дел од санкциите против руската инвазија на Украина.

Во понеделникот, група украински активисти протестираа поради пристигнувањето на Соларис во турското приморско одморалиште.

Според локалниот печат, не една, туку станува збор за две јахти на рускиот олигарх. Јахтите на Абрамович се закотвија во југозападна Турција, земја која не ги применува санкциите. Покрај Соларис, тука е и јахтата Еклипс  долга 163 метри (втората најдолга јахта во светот) која го вее знамето на Бермудите. Таа е закотвена во пристаништето Мармарис.

Јахтите на Абрамович, регистрирани на Бермудите, предизвикаа сензација во турската јавност.

Блискоста на Абрамович со рускиот претседател Владимир Путин го натера украинскиот претседател Зеленски да побара од Белата куќа да ги блокира санкциите против олигархот, верувајќи дека тој е личност способна да посредува со Кремљ.

Инаку, Абрамович го стави лондонскиот клуб „Челзи“ на продажба со ветување дека приходите ќе бидат донирани за украинските бегалци, со цел да ги избегне санкциите воведени во Англија против него.

Клубот беше купен од Абрамович во 2003 година за само 60 милиони фунти, а оттогаш Русинот вложи капитал во Челзи од околу 2,3 милијарди евра и тоа само за купување на (околу 500) играчи, како и за огромни инвестиции во стадионот и инфраструктурата на клубот.

Според веб-страницата на Лојдс Интелигенс Лист, јахтата „My Solaris“ на име на сопственикот на Челзи, во должина од 140 метри вреди 780 милиони евра.

Пред Турција „Соларис“ беше на пристаништето во Барселона, а потоа и на брегот на Сицилија, кога стапија на сила санкциите на Велика Британија. Оттаму, на 12 март, Соларис се закотви во Тиват, Црна Гора, па исплови кон пристаништето Бодрум, во јужна Турција. Јахтата тргна по рута која, без воопшто да влезе во грчките води, и овозможи да ги избегне европските санкции, кои започнаа на 15-ти месецов.

 

Слични објави

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova
Се вчитува....