06:05 - 25 јануари, 2026

Два кинески носачи на авиони пуштени во море пред можната посета на Пелоси на Тајван; и вооружените сили на Тајван во состојба на готовност

Два носачи на авиони на Народноослободителната армија на Кина излегоа во морето и може да бидат испратени во областа на Тајванскиот теснец пред можната посета на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси. Ова го објави денес (вторник) тајванскиот весник Жонгуо Шибао, цитирајќи неименуван воен набљудувач, а пренесува руски тасс.

Според овие информации, носачите на авиони Лиаонинг и Шандонг неодамна ги напуштиле пристаништата Кингдао и Сања. Во моментов не е јасно дали бродовите се упатуваат кон зоната на тајванскиот теснец или ќе учествуваат во воени вежби. Во секој случај, ова укажува на интензивирање на воената конфронтација меѓу Кина и САД во регионот, смета тајванскит весник.

Од друга страна, рупа на американската морнарица предводена од носачот на авиони Роналд Реган моментално е стационирана во водите југоисточно од Тајван, соопшти во понеделникот кинескиот SCSPI.

Според тајванските медиуми, Пелоси ќе отпатува за Тајпеј во денес (вторник) навечер на чело на шестчлена делегација што ја претставува Демократската партија. Посетата на претседателката на Долниот дом на американскиот Конгрес на Тајван ќе биде прва за американски политичар од ваков ранг во последните 25 години.

Пекинг повеќепати ја предупреди американската страна дека доколку се случи посетата нема да остане без последици, а Кина ќе преземе строги мерки. Според медиумите од Тајпеј, вооружените сили на Тајван исто така се ставени во состојба на готовност.

Во меѓувреме, Пелоси е во посета на Малезија.

Слични објави

Емотивна порака на вдовицата на Маринко Роквиќ ја трогна јавноста: „Не за инат на другите, туку заради себе“

Еспресо

Кија Коцкар осум години по разводот од Слоба Радановиќ ја прозва поранешната свекрва: „Извини Викторија Бекам, Драгиња беше прва“

apostolova

„Ѝ треба помош, не ми е добро кога ја згледам“: Рада Манојловиќ доби силни критики од нејзина колешка

Еспресо

Се породи сопругата на Огњен Амиџиќ: Пресреќен сум!

Еспресо

Жељко Бебек нелегално пловел по Јадранот! Јахтата „Пахуљица“ му е избришана од регистар

Еспресо

(Фото) Сопругата на Ѓани заврши со ортопедско помагало: „Ужасно ме болат раката, главата и ‘рбетот“

Еспресо
Се вчитува....