19:21 - 3 ноември, 2026

Домот на пејачката обвиен во црно: Почина мајката на Данијела Враниќ, се огласи со трогателни зборови за медиумите

Андријана Враниќ, мајка на пејачката Данијела Враниќ, почина во Ваљево. Андријана починала на 14 јануари, објави српски „Информер“, во градот во кој е родена Данијела и каде живее последниве години.

Пејачката во оваа тажна прилика кратко се огласи за медиумите: „Почина во мир“.

Данијела Враниќ, за потсетување, извесно време мина во медиумска илегала и ретко зборуваше за својата приватност во тој период.

Секако, таа следеше сè што прават нејзините колеги, а еднаш сподели што мисли за естрадната сцена денес.

– Драго ми е што пејачките од оваа нова гарда храбро чекорат на српската естрада. Ги слушав нивните албуми, одлични се. Се враќа некоја добра музика која има емоции. Мислам дека публиката се презасити од некои работи што ги слушаме во последно време“, рекла таа своевремено.

Потоа ја издвоила Александра Пријовиќ и успехот што го постигна.

– Невозможно беше тоа да го прескокнам, бидејќи девојката направи одлична работа, има одлични песни и треба да продолжи така. Не сум била на концерти, затоа што се повлеков од јавноста и не сакав да се изложувам на медиумите, но ќе има можност“, рекла Данијела и признала дека би се согласила да ѝ биде гостинка на концерт.

Данијела Враниќ пред неколку години се повлече од медиумите, а како што неодамна изјави во една емисија на телевизија „Блиц“ ѝ требало одмор.

Животот на Даниела во текот на нејзината кариера беше многу интересен за јавноста, а во 2015 година пејачката беше во центарот на вниманието откако доживеа сообраќајна несреќа.

 

Слични објави

(Видео) Има само 15 и пол години, а веќе е на големата сцена: Тамара Грујеска успешно дебитираше на „Макфест“

Еспресо

Милица Тодоровиќ ја откри причината зошто таткото на детето се криел: „Мајка ми ми рече дека така е најдобро“

Еспресо

Дани Димитровска го посети синот Лазар во Холандија: Сакав да биде независен, да научи да живее далеку од мене

Еспресо

Бугарскиот крал на фолкот како Спајдермен — Азис ги изненади следбениците за Ноќта на вештерките

E.A.

(Видео) Ова е свршеницата на Војаж со која доби дете: Се занимава со јавна работа, но ја чува приватноста

Еспресо

„Тијана плачеше на секоја моја песна“: Тамара откри како сестра ѝ реагирала на новиот албум, а раскажа и што најмногу сака да пее малата Хана

Еспресо
Се вчитува....