2.8 C
Скопје
14:53 - 24 декември, 2024

Дневен хороскоп за ден 02.02.2020: Девицата ќе се изгуби во спомените, а Бикот ќе ужива со своето друштво

ОВЕН
Сѐ минува мирно и без проблеми кога е во прашање вашата работа. Добар ви е денот и не ве очекуваат никакви стресови. Многу сте заљубени и убаво ви е кога сте покрај саканата личност. Можни се помали проблеми со синусите.

БИК
Новите случувања на полето работа би можело да ви го подигнат моралот и енергијата. Подготвени сте на промени. Односот со саканата личност може да се поправи, ако се потрудите. Водете сметка за стомакот.

БЛИЗНАЦИ
Се обидувате да најдете ефикасно и практично решение. Особено, сте иритирани од конфронтацијата со соработниците кои очекуваат да прифатите различни деловни отстапки.
Изгледате вознемирени, но партнерот знае како да ве инспирира во позитивно размислување и расположение. Опуштете се во блиско друштво или со лице кое ви е искрено наклонето.

РАК
Не ја потиснувајте вашата интуиција. Вие сте во голема мера свесни за тоа како да го предвидите текот на настанот и можниот испад на деловната сцена. Постојат ситуации каде што е тешко да се објасни вистинската причина или ефект. Треба да го постигнете својот внатрешен мир и задоволство, за да можете да направите нешто добро за вашата околина.

ЛАВ
Ќе немате време за довршување на активност која бара внимание и концентрација. Веројатно ќе треба да се променат првичните планови во врска со некаква порака. Најважно за вас е да останете смирени, што и да се случи.

ДЕВИЦА
Не се заборавајте во спомени. Склони сте да идеализирате луѓе или случки, па пожелно е да ги избегнувате активните контакти. Не ги споделувајте денешните верувања, бидејќи тие наскоро ќе се променат.

ВАГА
Напнатоста која ја чувствувате може да влијае негативно на случувањата во вашето работно опкружување. Многу работи нема да одат како што сте планирале. Може да се надевате на нов состанок со личноста која ви се допаѓа, затоа што првиот пропадна. Можни се помали нервози.

СКОРПИЈА
Вашиот успех во бизнисот доаѓа од добро осмислени планови и прецизни потези. Ништо не е случајно, па бидете упорни во вашите намери пред вашите деловни партнери. Дајте си ново уживање и задоволство. Ќе ви годи нова емотивна средба или романтична забава во избраното друштво. Ништо не мора да биде гламурозно, туку со мерка и вкус. Проблеми со грлото.

СТРЕЛЕЦ
Ќе имате доста работа и обврски, а вие ќе уживате во се што ќе работите. Некои од вас ќе бидат преокупирани со средувањето на љубовните проблеми. Личноста со која сте во врска ќе направи се за да ве израдува.

ЈАРЕЦ
Најдобро би било да се посветите исклучиво на неопходните дневни обврски и да се одморите. Посветете му повеќе внимание на вашиот партнер, направете нешто барем тој да не ја почувствува вашата безволност. Не започнувајте ништо ново во било кој аспект од вашето живеење.

ВОДОЛИЈА
Многу ќе се грижите за сигурноста на вашето работно место и задржувањето на постоечките позиции. Ви треба помошта од другите за да можете да ги реализирате вашите планови. На слободните претставници им се нудат краткотрајни авантури. Некој предлог од пријател може да ве разочара.

РИБИ
Пред вас е шанса да дојдете до препорака за вработување кое би можело да одговора на вашите квалификации. Немојте да очекувате сериозна врска во наредниот период затоа што не сте подготвени за тоа. Во првата прилика посетете лекар.

Слични објави

(Фото+видео) Вака изгледала Слобода Миќаловиќ како девојче: Името ѝ го дал татко ѝ, а зад сè се крие трогателна приказна

Еспресо

(Видео) Анастасија Ражнатовиќ го покажа голиот стомак на луда журка во Шпанија: Се забавува со золвата и со Ема Радујко

Еспресо

Се жени Саша Ковачевиќ: Вечниот ерген ќе застане на лудиот камен, познато е и кога

Еспресо

Сопругата на Ѓани доживеала серија мозочни удари: „Таа е моето сонце, не би сакал ништо да ѝ се случи“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави снимка од средно училиште стара 15 години: Еве како изгледала и што зборувала тогаш

Еспресо

Хороскоп за 24 декември: Близнаците ќе имаат интересен флерт со нова личност

Еспресо
Се вчитува....