9.8 C
Скопје
18:22 - 30 март, 2026

Џонсон на Г7: „Не е време за откажување“, „Мора да ги зголемиме санкциите против Путин и неговите послушници“

„Ова не е време за откажување“, нагласува британскиот премиер. Во соопштението, од Даунинг стрит велат дека се подготвени да обезбедат финансиски средства за Киев за дополнителни 525 милиони долари.

Украина „може да победи и ќе победи. Но, им треба нашата поддршка за да го сторат тоа“ им порачува на сојузниците британскиот премиер Борис Џонсон во пресрет на Г7.

Во соопштението, Даунинг стрит вели дека е подготвен да обезбеди гаранции за Киев за дополнителни 525 милиони долари, што ќе изнесува вкупно 1,8 милијарди долари финансиска и хуманитарна помош што Лондон досега ѝ ја додели на Украина.

„Секој знак на замор или одложување на поддршката на Западот за Украина ќе биде директна услуга за претседателот Путин“, вели, според Гардијан, портпаролот на Џонсон, објаснувајќи дека мора да се отвори „нова фаза“ за да се разбере кој пат е најдобар за да се зајакне Украина.

„Тоа е она што премиерот ќе го побара од лидерите на Г7 и НАТО за да ги охрабри сојузничките лидери да ја зголемат својата економска, воена и политичка поддршка за Украина“, додаде портпаролот, „паралелно, мора да ги зголемиме санкциите против Путин и неговите насилници, за да ја почувствуваат цената на нивното варварство“.

Слични објави

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....