Откако 50-годишната Џенифер Лопез ги „излуди“ фановите ширум светот со селфито во огледало за кое позираше во минијатурно бело бикини, на социјалните мрежи се појави предизвик во кој жените од цел свет споделуваат фотографии во костим за капење со хаштаг #JLoChallenge.
Во описот на фотографиите жените истакнуваат дека целта на предизвикот не е само да се покаже добриот изглед, туку и да се прифатиме себеси и нашето тело без оглед на формата, големината или годините.
Фитнес инструкторката Мариа Канг меѓу првите објавила фотографија во бикини со важна порака за сите мајки.
„Доколку таа може, доколку јас можам, доколку илјадници мајки со различни големини, облици и изглед можат да го направат тоа – тогаш И ТИ МОЖЕШ ДА ГО НАПРАВИШ“, напиша Марија охрабрувајќи ги и другите жени да постават своја слика во костим за капење.
Џеј Ло набрзо дознала за овој предизвик и на Инстаграм Стори им дала поддршка на сите жени во светот.