Пејачот Џастин Бибер (25) ја отвори душата и призна дека престанал да се дрогира, бидејќи неговата зависност го довела до состојба каде се чувствувал како да умира, пишува Music News. Имал неколку проблематични години каде бил зависен од различни дроги и таблети толку многу, што чим отворел очи консумирал некој опијат. За целата таа битка и бегство од дрогата, Џастин проговори во своите документарни емисии на YouTube.
Неговата зависност отишла толку далеку што неговиот тим за заштита, го проверувал во текот на ноќтта за да се увери дека е се уште жив.
„Одлучив да престанам да се дрогирам, бидејќи се чувствував како да умирам. Навечер доаѓаа да ме проверуваат и да ми го следат пулсот. Луѓето не се свесни колку сериозно стана. Беше застрашувачки“, рекол Џастин. Утрата му започнувале со џоинт или некоја таблета… Сето тоа почнало да го плаши.
Веќе на 13 години станал зависен од марихуана. Прв пат скришно запалил џоинт и тоа во дворот, а тогаш сфатил дека тоа му се допаѓа. Желбата за марихуана му растела, па започнал да ја конзумира секојдневно.
„Станав зависен од неа и тогаш сфатив дека морам да престанам. Тоа не е за мене, тоа е сериозна зависност“, рекол пејачот.
Сега се „ослободил“ од зависноста и се чувствува многу подобро. Многу луѓе му помогнале да почне да живее без опијати и без проблем да стане наутро, без да помисли на нив.