7.8 C
Скопје
22:39 - 31 март, 2026

Џастин Бибер отворено проговори за својот сексуален живот!

Пејачот Џастин Бибер им откри на своите обожаватели детали од приватниот живот. После концертот во Лондон, фановите имаа можност да го прашаат Џастин се што ги интересира, а еден обожавател го прашал што тој и неговата сопруга Хејли прават во слободно време.

„Можете и самите да заклучите што правиме по цел ден. Тоа станува прилично лудо и навистина знае да биде се што правиме по цел ден. Добро, гледаме и филмови. Особено сакаме да гледаме Нетфликс и одмараме, но дефинитивно правиме повеќе од одмарање“, изјавил Џастин со насмевка на лицето.

Џастин и манекенката Хејли тајно се венчаа во 2018 година, а минатата година ги обновија брачните завети со поширок круг на луѓе, кога направија и поголема прослава.

„Да се биде женет е супер работа, но немојте погрешно да ме сфатите, бракот е тежок и на него треба да се работи. Да е лесен, сите брзо би се впуштиле во тоа. Доколку сакате да се венчате и имате деца, треба да работите на тоа“, ги советувал Џастин присутните обожаватели.

Пејачот додал дека бракот исто така бара напор и дека требате да имате трпение за партнерот, дека треба да го сакате и почитувате.

View this post on Instagram

Love u tons bubz

A post shared by Justin Bieber (@justinbieber) on

Парот ја потврди својата врска во 2015 година. Накратко прекинаа на неколку месеци, а потоа повторно се поврзаа и оттогаш се нераздвојни. Џастин за Хејли вели дека го променила и дека му помогнала во кризните ситуации кога се соочувал со тешки психички и физички проблеми.

Хејли за магазинот Ел признала дека нивниот брачен живот е многу понормален отколку што луѓето го замислуваат.

„Повеќе сакаме заедно да се излежуваме по дома на софата, отколку да висиме по лустери на некои луди забави“, признала манекенката.

Исто така, пејачот во едно интервју со Елен Деџенерис проговори за тоа дека песната „Yummy“ е посветена за неговата сопруга и нивниот сексуален живот.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....