15:38 - 2 април, 2026

Детали за свадбата на Бритни Спирс: Кочија, бел коњ, бајковита атмосфера и вип гости, на свадбата ги немаше децата и родителите на пејачката

Бритни Спирс рече да. Таа по трет пат се омажи, а овој пат новиот сопруг е 28-годишниот личен тренер и актер со иранско потекло Сем Асгари.

Заедно се од 2016 година, парот се венчаше на 9 јуни (вчера) на церемонија со малку гости, во калифорниската вила на дивата во Таузенд Оукс.

Меѓу 60-те гости, дојдоа и Дру Баримор, Парис Хилтон, Мадона, нејзиниот адвокат Метју Розенгарт…

Пред неколку месеци, поп-ѕвездата се пофали дека свадбениот изглед ѝ го доверила на Донатела Версаче, која присуствуваше на церемонијата во целосно бела модна комбинација.

Не „протекоа“ (се уште) фотографии од размена на прстени, туку само папарацо фотографии од гостите на свадбата.

Кочија со бел коњ беше забележана и надвор од вилата за настанот да биде уште побајковит и кралски.

На венчавката не беа поканети ниту родителите Џејми и Лин, ниту сестрата Џејми Лин, а официјалното соопштение на адвокатот на поранешниот сопруг Кевин Федерлајн го објави отсуството на двете деца на парот, Шон Престон и Џејден Џејмс (16 и 15 години). Единствениот член на потесното семејство на пејачката што присуствуваше на свадбата беше нејзиниот брат Брајан.

40-годишната поп-ѕвезда, според првите гласини, до олтарот пристигнала на нотите на „Con’t help falling“ од Елвис Присли.

Поп-ѕвездата честопати изјавуваше дека сака уште едно дете. Кога контролата на нејзиниот татко заврши во ноември 2021 година, Бритни повторно зеде контрола над нејзиниот живот и нејзиниот имот. Неколку месеци подоцна забременила, но потоа доживеала спонтан абортус.

Ова ново поглавје во нејзината историја, сепак, треба да биде повторно раѓање, во секоја смисла.

Бритни Спирс се допишувала со принцот Вилијам: „Требаше да дојде на состанокот, но никогаш не се појави“

 

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо
Се вчитува....