14:48 - 27 ноември, 2026

Дечкото на Синди излезе од затвор! Позната е неговата моментална локација

Кон средината на декември 2024 година, во голема операција на Вишото јавно обвинителство во Белград и СБПОК, уапсен е Стефан Плавшиќ, осомничен за перење пари.

Како што објавија медиумите, станува збор за момчето на пејачката Ивана Стаменковиќ, попозната како Синди, која беше членка на женската музичка група „Моделс“ кон крајот на деведесеттите години.

Според „Телеграф“, момчето на Синди било ослободено кратко време по притворањето и веќе со месеци е на слобода.

Стефан Плавшиќ е фитнес инструктор и бодибилдер по професија. Синди не се појавуваше јавно со него и вешто го криеше од очите на јавноста.

Сепак, пејачката го спомена избраникот пред неколку години:

– Моето момче е адвокат, повлечен е, не сака да се експонира во медиумите, и затоа не сакам да го кажам неговото име. Заедно сме две години и сме многу среќни. Тој е многу внимателен. Најмногу уживаме кога сме сами дома, не сакаме да излегуваме во клубови и ресторани – рече Синди во 2021 година.

Слични објави

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.
Се вчитува....