15:38 - 1 април, 2026

Цеца Ражнатовиќ остро ѝ се обрати на Марија Шерифовиќ: „Вештерке, мртва си кога ќе си одиме оттука!“

Новата емисија на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ ќе се емитува оваа сабота, а ниту таа не помина без конфликти помеѓу членовите на жирито.

Кандидатите блескале на сцената, но како што обично се случува, мислењата на членовите на жирито не биле усогласени.

Најголемо внимание предизвикал конфликтот помеѓу Вика Миљковиќ и Марија Шерифовиќ, кои жестоко се расправале околу настапот на еден кандидат.

– Тој беше подобар и во првото и во второто полувреме. Тој беше далеку попрецизен, неговите песни се подобри – рекла Марија, а Вики не се согласила.

– Не е вистина – остро рекла Миљковиќ.

– Пееше незаинтересирано, без интерпретација која има некоја поента – продолжила Марија.

– Не пеат сите пејачи исто – додала Вики.

Марија не отстапувала од својот став.

– Не седам тука за тебе да ти одговарам – рекла таа, а Вики остро ѝ возвратила:

– Не мораш, но кога веќе си тука, редно е да те слушнеме.

Во моментот кога ситуацијата станала напната, во расправијата се вклучила и Цеца Ражнатовиќ.

– Здодевни сте. А ти, вештерке, покажи ми уште еднаш дека добро слушаш, ти си глува. Праќај ми бакнежи до утре, мртва си кога ќе си одиме оттука – ѝ порачала таа на Марија.

 

Слични објави

(Фото+видео) Дарко Лазиќ отиде на Света Гора по смртта на братот, па доби поддршка од најблиските

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо
Се вчитува....