08:56 - 13 ноември, 2026

Цеца Ражнатовиќ доби уникатно признание од делови од берлинскиот ѕид и засадено дрво во нејзина чест по концертот во Германија

Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа концерт во Берлин пред 5.000 луѓе, а иако се појави на сцената во лоша здравствена состојба и на терапија, Цеца создаде атмосфера за паметење, доби престижна награда и свое дрво во германската престолнина.

По завршувањето на настапот, организаторите ѝ врачиле посебен подарок – дрво засадено во германската престолнина во нејзина чест, како и вредна плакета. Станува збор за уникатно признание изработено од автентични делови од Берлинскиот ѕид, што му дава на овој успех посебен симболичен печат.

„Навистина сум пресреќна и слушнав дека тоа бил најенергичниот концерт досега и дека публиката била фантастична. Навистина морам да кажам дека мојата публика не е поделена по градови според темпераментот. Публиката за мене насекаде е толку огнена, што би рекол нашиот народ и енергична. Тоа е поради мојата дискографија, на која сум исклучително горда. Вечерва беше навистина моја вечер и кога станува збор за публиката и кога станува збор за наградите. Исто така, ја добив оваа престижна награда за да бидам вклучена на листата рамо до рамо со познатите изведувачи кои настапувале тука и кои имале можност да ја наполнат оваа прекрасна сала која не е мала. Потоа добив и свечено свое дрво во Берлин“, рекла Цеца.


Иако блескала на сцената и била преполна со енергија, малкумина знаат со какви здравствени проблеми се соочила Цеца непосредно пред да излезе пред публиката.

„Мртва болна сум, да, но се трудев тоа да не се забележи. Еве веќе почнува да се забележува, носот ми е затнат. Но, што се однесува до мојата публика, не постои дека сум болна. Тука се лековите, сè носам со мене, инфузии. Бидејќи навистина не би си дозволила да концертот да се помести или да го откажам. Со последните атоми на силата вечерва се трудев да не се забележа дека не сум добро и се надевам дека не се забележало – признала пејачката.

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....