-2.2 C
Скопје
08:32 - 23 декември, 2024

Чекај ме и сигурно ќе дојдам, зад најубавата љубовна песна се крие потресна љубовна приказна

Симонов бил голем руски писател, поет и патриот чија судбина често го носела на воените фронтови. Безнадежно бил вљубен во Вачентина Серова, по потекло Украинка, тогаш најубава и најпопуларна глумица во Русија. Но, таа била мажена. Кога сопругот кој многу го сакала, и кој бил генерал, починал, Валентина долго патела. Потоа, се впуштила во многубројни љубовни афери, но никого не успеала да го засака како својот покоен сопруг.

Во воената 1940 година го запознала писателот Константин Симонов кој со години мечтаел за неа. Влегле во врска која била сè она за кое писателот сонувал, но неволјите допрва доаѓале…Симонов отишол на воен фронт и во екот на една најголема битка сфатил дека нема да се врати дома жив.

Единствено што го одржувало била фотографијата и мислата на преубавата Валентина, која нетпеливо го очекувала да ѝ се врати.

Тогаш одлучил да ѝ напише песна во која ќе и раскаже колку ја сака, дури и кога нема да биде жив. Песната е всушност, еден вид на проштално писмо.

Песната која требала да стигне до Валентина ја ставил во џебот, мирно чекајќи го својот суден ден. Но, се случило чудо, единицата во која се наоѓал Симонов некако го избегнала финалниот напад на непријателите, и писателот, жив и здрав, се вратил дома кај својата сакана, со песната во џебот.

Се венчале во 1943 година, а песната за љубовта која ја победува смртта во комбинација со среќниот крај го заобиколила светот. Преведена е на над 35 јазици.

ЧЕКАЈ МЕ, И ЈАС СИГУРНО ЌЕ ДОЈДАМ

САМО ЧЕКАЈ МЕ ДОЛГО.

ЧЕКАЈ МЕ И КОГА ЖОЛТИТЕ ДОЖДОВИ

ЌЕ ЈА ИСПОЛНАТ НОЌТА СО ТАГА.

ЧЕКАЈ И КОГА ЖЕШТИНАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ПЕЧЕ

И КОГА СИЛНИТЕ СНЕГОВИ ЌЕ ЈА ИЗБРИШАТ,

ЧЕКАЈ И КОГА НИКОЈ ДРУГ

НЕМА ДА ЧЕКА ПОВЕЌЕ.

ЧЕКАЈ И КОГА ПИСМАТА ЌЕ ПРЕСТАНАТ

ДА ДОАЃААТ ОДДАЛЕКУ,

ЧЕКАЈ И КОГА ЧЕКАЊЕТО ЌЕ МУ ЗДОДЕЕ

НА СЕКОЈ ШТО ЧЕКА.

ЧЕКАЈ МЕ, И ЈАС СИГУРНО ЌЕ ДОЈДАМ.

НЕ ГИ СЛУШАЈ КОГА ТИ ВЕЛАТ

ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА ЗАБОРАВИШ КАКО НАДЕЖТА ЛАЖЕ.

НЕКА ПОВЕРУВААТ И СИНОТ И МАЈКАТА

ДЕКА ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОЈАМ,

ТАКА НЕКА СЕ УМОРАТ ЧЕКАЈЌИ

И СИТЕ МОИ ДРУГАРИ

И ГОРКОТО ВИНО ЗА МОЈАТА ДУША

НЕКА ГО ПИЈАТ КРАЈ ОГНИШТЕТО.

ЧЕКАЈ. И НЕМОЈ ДА СЕДИШ СО НИВ,

И НЕМОЈ ДА ПИЕШ НИШТО.

ЧЕКАЈ МЕ, И ЈАС СИГУРНО ЌЕ ДОЈДАМ,

НИ ЦЕЛАТА СМРТ НЕМА ДА МЕ УБИЕ.

НЕКА КАЖЕ ТОЈ ШТО НЕ МЕ ЧЕКАЛ:

ТОЈ ИМАЛ СРЕЌА!

КОЈ НЕ ЗНАЕЛ ДА ЧЕКА, ТОЈ НЕМА ДА РАЗБЕРЕ

НИТУ ЌЕ ЗНААТ ДРУГИТЕ

ДЕКА МЕ СПАСИ ТИ ЕДИНСТВЕНА

СО ТВОЕТО ДОЛГО ЧЕКАЊЕ.

НИЕ ДВАЈЦА ЌЕ ЗНАЕМЕ КАКО

ДА ГО ПРЕЖИВЕМЕЕ ОВОЈ ПРОКЛЕТ ОГАН,

БИДЕЈЌИ ТИ ЗНАЕШЕ ДА ЧЕКАШ

КАКО НИКОЈ ДРУГ НА СВЕТОТ.

 

Слични објави

Хороскоп за 23 декември: Вагите ќе имаат љубовни проблеми, Скорпиите ќе бидат под тежок стрес

Еспресо

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо
Се вчитува....