9.8 C
Скопје
12:58 - 31 март, 2026

Бум на руските брендови: Благодарение на санкциите, лета продажбата на Made in Russia

Продажбата на руски локални брендови „лета“, благодарение на западните санкции. Веста ја пренесува агенцијата Ројтерс, според која во последните три месеци прометот остварен од секторот облека произведен во Русија се зголемил повеќе од двојно. Бројките се однесуваат на трендот на купувања во рамките на платформата за е-трговија Озон. Ова се смета за втор најважен бизнис во Русија.

Конкретно, агенцијата известува дека продажбата на облека, обувки и модни додатоци на руски брендови и производители била 2,6 пати поголема во март и април отколку во истите месеци минатата година. Озон вели дека главната причина за растот на продажбата е проширувањето на неговата понуда. Но, очигледно тоа е избор поврзан со фактот дека западните модни брендови мораа да ја напуштат Русија, а пазарниот вакуум беше пополнет со локалните модни предлози.

Рускиот совет на трговски центри (RCSC) пак, тело кое ги застапува трговските центри, вели дека набрзо ќе има роба и од пазарите од Кина, Индија, Иран и Турција за полесно да се премости јазот што го предизвикаа санкциите со заминување на популарните брендови од Запад.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....