2.8 C
Скопје
07:20 - 27 октомври, 2026

Брижит Бардо итно хоспитализирана: „Проблеми со дишењето, остана во свесна состојба“

Француската актерка Брижит Бардо била пренесена во болница со итна медицинска служба, откако поради жештината ѝ било тешко да дише. Ова го пренесува француското издание на Var-matin.

Сопругот на актерката Бернард Д’Ормал им изјави на новинарите дека утрото на 19 јули, 88-годишната Брижит Бардо почнала да има проблеми со дишењето. Тој истакна дека актерката неколку дена се жалела на своето здравје поради преголемата топлина.

„Беше околу 9 часот наутро кога на Брижит ѝ беше тешко да дише. Нејзиното дишење стана многу забрзано, но таа остана свесна. Како и сите луѓе на одредена возраст, таа повеќе не може да ја поднесе топлината. Ова се случува кога имате 88 години“, рече тој.

Според d’Ormal, тој повикал итна медицинска служба во нивниот дом во Сен Тропе, но брзата помош прво пристигнала на погрешна адреса. Лекарите потоа ѝ дале кислород на актерката и продолжиле да ја следат нејзината состојба откако итно ја хоспитализирале. Бернард Д’Ормал увери дека сега се е во ред со актерката, а таа веќе одмара без кислороден респиратор.

„Другите прегледи не открија други потешкотии: пулсот е добар, срцето исто така, притисокот е нормален, но сепак кревка е“, рече тој за француските медиуми.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....