14:13 - 22 јули, 2026

Бредли Купер: „Бев депресивен и зависник од кокаин, ќерка ми ме спаси“

Актерот, кој наскоро ќе го гледаме во улога на Леонард Бернштајн во филмот „Маестро“, со отворено срце зборува за тешкото минато и за борбата да стигне таму каде што е сега. „Се чувствував безвредно, но ќерка ми ме промени повеќе од успехот: тоа што станав татко ми ја поттикна самодовербата“.

Никој никогаш не би рекол дека ваков човек може да поминува низ депресии: убав како слика, културен, успешен, со силен карактер, и татко на ќерка добиена од љубовта со една од најпосакуваните жени на планетава, Ирина Шајк, со која не е ни јасно дали навистина е готово… А потоа, со девет номинации за Оскар и со проект пред кој е огромен светски успех: Маестро, филм за животот на Леонард Бернштајн. Но, Бредли Купер мораше да се искачи на своите лични планини за да дојде до сето ова. И за да се достигне врвот имаше многу падови.

Тој отворено раскажа за сите свои падови во подкастот Смартлес, признавајќи со отворено срце: „Отказот од Алијас ме уништи“, призна тој. „Згазната ми беше самодовербата, се чувствував изгубено, чувствував ништовност. И се фрлив на кокаин, станав зависник “.

Во тоа време Купер, кој отишол да живее во Њујорк откако дипломирал англиска литература, се преселил во Лос Анџелес токму за да ја снима серијата со Џенифер Гарнер. Но, не бил најдобро прифатен од околината:

„Се чувствував како кога бев во средно училиште: не можев да влезам во ниту еден клуб, ниту една девојка не ме погледна. Бев целосно депресивен“.

„Предноста, ако може така да се каже, беше тоа што ова се случи на крајот на 30-тата година“, додаде ѕвездата на „Ѕвездата е родена“. „Но, тоа продолжи се додека не добив улога во „The Hangover“. Имав 36 години кога го снимив тој филм: тоа што ги поминав сите тие искуства пред да постигнам успех беше клучно за моето постоење“.

После тој филм, пресвртната точка: номинациите за Оскар, јавниот успех, бракот (завршен во 2019 година) и пред се татковството. Раѓањето на Леа Де Сејн во 2017 година го промени неговиот живот:

„Тоа што станав татко ми ја поттикна мојата самодоверба. Секоја работа доби друга нијанса, друга светлина за единствениот факт што сум татко. Секој професионален успех, секое убаво сценарио што ќе ми дојде, секој прекрасен момент на снимање ми дава радост што е само една капка од она што може да ми го даде поминувањето време со тоа прекрасно суштество – мојата ќерка. И ова не е легенда, туку чиста вистина“.

Слични објави

(Фото) Најуникатните трпезариски и клуб маси по најпристапна цена ќе ги најдете во Wood room во ГТЦ

Еспресо

Дарко Лазиќ се огласи по скандалот кој предизвика лавина негативни реакции на социјалните мрежи

Е.А.

(Фото) Прво лето како родители — Дејан Манасков и Билјана со синчето Давид уживаат на семеен одмор во Грција

Еспресо

(Фото) Моден двобој — Карлеуша и Џенифер Лопез во ист „Долче и Габана“ комплет вреден околу 2.100 евра

Еспресо

(Видео) Цеца откри што се случува во нејзината вила по големата поплава: „Санирано е, веќе не тече“

Еспресо

Ќерката на нашата фолк-пејачка е вистинска убавица, тргна по стапките на мама и се фати за микрофонот

apostolova
Се вчитува....