20:12 - 9 февруари, 2026

Бред Пит револтиран од тајната одлука на Анџелина Џоли да го продаде својот дел од имотот на руски олигарх

Бред Пит ја обвини својата поранешна сопруга Анџелина Џоли дека тајно го продала својот дел од лозјата и замокот Миравал во Франција на руски олигарх, за да му наштети на поранешниот сопруг во битката за старателство над нивните деца.

Наводно, рускиот олигарх, според документите со кои ексклузивно располага британскиот Дејли Мејл, на овој начин сакал целосно да ја преземе контролата врз мултимилионскиот бизнис.

Анџелина Џоли ги продала своите акции на компанија во сопственост на Јури Шефлер. Тој е сопственик на групата SPI, меѓународен конзорциум кој продава алкохол во 160 земји, вклучувајќи ја и вотката Столичнаја, која е преименувана во Стол.

Иако Шефлер се обидел да се дистанцира од режимот на Путин, луѓето ширум светот решија да ја бојкотираат вотката Столичнаја, поради што и името беше сменето.

„Џоли наводната продажба ја направила во тајност, свесно кршејќи ги сите договорни права на Пит. На овој начин Џоли се обидела да го искористи профитот и повратот на инвестицијата и преку наводната продажба се обидела да му наштети на Пит“, тврдат адвокатите на актерот и додаваат:

„Џоли знаеше дека Шефлер и неговите подружници би сакале да го контролираат бизнисот што Пит го изградил и да ја поткопаат неговата инвестиција во Миравал. И токму како што замислила Џоли, така Шефлер и направил. Откако ги купил нејзините акции, Шефлер почнал да ги дестабилизира операциите на Миравал, барајќи пристап до доверливите и сопственички информации на Миравал во корист на неговата конкурентска компанија.“

Слични објави

Неочекувано изненадување: Оженетиот дечко на Милица Тодоровиќ ѝ испратил трубачи пред зграда?

Еспресо

(Фото) Се појави фотографија од Душко Тошиќ и непозната девојка, нејзината порака предизвика хаос на мрежите

Еспресо

(Фото) Сите на нозе: Миле Китиќ направи хаос на вечера во Доминиканска република

Еспресо

(Фото) Не ја кријат романсата: Ким Кардашијан и Луис Хамилтон разменија нежности на Супербоул

Еспресо

Пред годишнината од смртта на Саша Поповиќ откриена вистината за односот со Лепа Брена: „Таа имаше своја…“

Еспресо

Наташа Алимпиќ открива: „Харис е женкар, но знае како да ги угоди – сега сум љубоморна и лута на него“

Еспресо
Се вчитува....