7.8 C
Скопје
22:38 - 31 март, 2026

БОЖИЌ НА ТРПЕЗАТА: Вевчански виткалник – за гурмански почеток на годината

– Годината ја започнуваме гурмански, традиционално и што е најважно најадено. Вевчанскиот виткалник ја има таа чест да ја отвори годинешната вкусна приказна. Секое парче своја крцкава приказна – вели шеф Бранко Попоски познат под псевдонимот Готвиме со Бранко.
Па повелете рецепт, идеален за празничната трпеза.

Потребни состојки

450 гр. брашно
1/2 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1/2 филџан маслиново масло
по потреба млака вода
Фил
500гр. свеж спанаќ
1 лажичка сол
Малку бибер
2 јајца
Малку маслиново масло

ПОДГОТОВКА

Земете длабок сад и од состојките за тесто замесете средно меко тесто.
Тестото поделете го на 5 топчиња, а потоа секое топче расукајте го во мала кора.
Премачкајте ги корите со масло и оставете ги да отстојат 15 минути.
На чаршав ставете една кора и развлечете ја со раце, попрскајте ја со масло целата кора и врз неа нанесете од филот со спанаќ.
Со помош на чаршавот или крпата свиткајте ја кората во вид на ролат, а потоа кружно свиткајте ја.
Повторете ја постапката со сите кори.
Попрскајте го виткалниот со масло и печете околу 20-25 мин. на температура од 220 степени со постепено намалување.
фото приватна архива
фото приватна архива
фото приватна архива
Послужете го со кисело млеко или јогурт.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....