9.8 C
Скопје
03:03 - 5 мај, 2024

НОВО СОЗНАНИЕ: Неколку месеци по прележаниот ковид кај некои се создаваат „автоантитела“ кои ги напаѓаат органите дури и ако имале благи симптоми, еве за што се работи!

Месеци по закрепнувањето од инфекцијата САРС-КоВ-2, оздравените може да имаат покачени нивоа на антитела кои по грешка би можеле да ги нападнат нивните органи и ткива, дури и кај пациенти кои имале благи или никакви симптоми, открива новото истражување кое доаѓа од САД.

Истражувачите од Институтот Седарс-Синај во Лос Анџелес открија дека инфекцијата со вирусот што предизвикува ковид-19 може да предизвика имунолошки одговор кој трае дури и по почетната инфекција и закрепнување на пациентите, дури и ако тие немале тешка форма на болеста. . Резултатите од истражувањето беа објавени во стручното списание Journal of Translational Medicine.

Кога некој е заразен со вирус, телото ослободува протеини наречени антитела, кои се таму за да детектираат туѓи материи кои ќе го спречат да ги нападнат клетките на телото, но во некои случаи телото произведува автоантитела кои можат да ги нападнат сопствените органи и ткивата.

Истражувачите од Институтот Седарс-Синај открија дека луѓето кои ја победиле ковид -инфекцијата имале широк опсег на автоантитела до шест месеци по целосното опоравување.

Дури и пред оваа студија, научниците знаеја дека тешките случаи на ковид-19 може да го оптоварат имунолошкиот систем до толкав степен што почннуваат да се формираат таканаречените автоантитела, но ова е прва студија која укажува не само на покачени автоантитела по блага или асимптоматска инфекција, туку и нивна упорност.со текот на времето.

Автоантителата се антитела кои телото ги создава на сопствените антигени. Во принцип, имунолошкиот систем ги разликува туѓите антигени од сопствените, и делува само на туѓите.

Меѓутоа, понекогаш се развива имунолошка реакција против сопствените антигени (автоимунитет) и може да се појават разни автоимуни болести.

„Овие наоди ни помагаат да објасниме што го прави „Ковид-19“ толку уникатна болест“, рече д-р Јустина Ферт-Бобер, научник од Одделот за кардиологија на Институтот Седарс-Синај и коавтор на студијата.

Студијата вклучила 177 здравствени работници со потврдени докази за инфекција со Ковид, кои закрепнале од болеста пред да стане достапна вакцината.

Научниците ги споредиле нивните примероци од крв со примероци земени од здрави луѓе пред пандемијата.

Сите учесници во студијата со потврдена инфекција SARS-CoV-2 се покажало дека имаат постојани автоантитела, вклучувајќи ги и оние кои можат да предизвикаат хронично воспаление и повреда на зглобовите, кожата и нервниот систем (лупус, ревматоиден артритис).

Студијата покажала дека мажите имаа поголем број на покачени автоантитела од жените.

„Од една страна, овие резултати се парадоксални со оглед на тоа што автоимуните состојби обично се почести кај жените“, рече д-р Ферт-Бобер. „Но, во исто време, донекаде е и очекувано со оглед на тоа што знаеме дека мажите се почувствителни на најтешките форми на Ковид-19“.

„Во нормални околности, не би очекувале толку разновидно формирање на покачени автоантитела меѓу испитаниците кои кај некои остануваат покачени до шест месеци по целосното клиничко закрепнување“, рече научничката Сузан Ченг. „Сè уште не знаеме колку долго, но и по шест месеци, антителата ќе останат покачени и/или ќе резултираат со некои поголеми клинички симптоми. Важно е да се следи развојот на состојбата кај поединците“.

Ченг и нејзините колеги истражуваат дали зголемените автоантитела се поврзани со симптомите од кои боледуваат лицата со подолготраен ковид и планираат да проучат и различни автоантитела после заразата со нови варијанти на варисот.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....