5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

Боб Марли на 16 години објави прва песна, Сид Берет ги напушти „Pink floyd“ и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Денешниот ден, 6 април, во музичката историја го паметиме по неколку исклучително важни настани, а во продолжение прочитајте за некои од нив…

1961 година – Објавена е првата песна на тогаш непознатиот 16-годишен музичар Боб Марли – „Judge not“, а до првиот сингл со групата Wailers, „Simmer down“, ќе поминат уште две години.

1968 година – Членовите на групата „Pink Floyd“ официјално објавија дека основачот на бендот, Сид Берет, го напушта составот. Берет се соочуваше со сериозни пролеми поради користење на дрога. Сепак, тој продолжи соло кариера и две години подоцна сними два албуми. Сид почина од рак во 2006 година.

1971 година – Легендарната група „Rolling stones“, отвори своја сопствена издавачка компанија под назив „Rolling stones records“.

1989 година – Издавачката група Хелидон го објави дебитантскиот албум на групата „Let 3“, под назив „Two dogs fuckin’“.

1994 година – Блус-рок групата „Мајке“ го објави 4. албум насловен „Милост“. Иако изданието не понуди ниту еден класичен радиски хит, песната „Ја сам будучност“ подоцна ќе му донесе култен статус на бендот, кој во тој момент не беше толку славен.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....