00:01 - 9 април, 2026

Балканот во тага: Почина Беба Селимовиќ, кралицата на севдалинките

Изета Беба Селимовиќ, една од најдобрите пејачки или како што ја нарекуваа „кралицата на босанските севдалинки“, почина утрово во Сараево, потврди нејзиното семејство за Федералната новинска агенција (ФЕНА).

Нејзиниот сопруг Џевад Шабанагиќ ја истакна Беба Селимовиќ како чувар на босанската севдалинка, која најмногу ја сакаше, па и го посвети животот и кариерата.

„На најискрен начин, таа го збогати и го сочува нашето нематеријално богатство, како што е босанската севдалинка. Како граѓанин, велам дека нејзиното заминување е голема загуба на нашата културна сцена“ – пренесува Радио Сараево.

Беба Селимовиќ е родена на 27 март 1939 година во Требиње. Ја започнала својата пејачка кариера во Радио Сараево и брзо станала многу популарна. Многумина ја нарекуваа и „дама на севдахот“ заради нејзиниот сериозен и чесен став кон професијата, како и за нејзиното сериозно однесување на естрадата.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....